Автор Тема: Антифриз  (Прочитано 161834 пати)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Антифриз
« Одговори #705 на: 17 Септември 2023, 17:38:41 pm »
Дечки каков антифриз треба за опел астра г 1.4 од 1998ма? Секаде излегува различно, базирано според онлајн каталозите бидејќи со тој мотор се произведува од 1998-2001 год. Од BASF нудат Г11 доколку возилото е произведено до 10.2000 год.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7832
  • Плинаш!!!
Одг: Антифриз
« Одговори #706 на: 17 Септември 2023, 17:42:38 pm »
Стави плав и не се замарај.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Антифриз
« Одговори #707 на: 17 Септември 2023, 23:12:06 pm »
Не црвен?
Гледам по каталози пишува дека може да се користи dexcool (мислам дека е G12) за сите опелови возила од 1995та.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7832
  • Плинаш!!!
Одг: Антифриз
« Одговори #708 на: 17 Септември 2023, 23:59:13 pm »
Абе човек незнае на што да верува. Едни викаат дека плавиот и црвениот се исти само што плавиот е со пократок рок на употреба 2години мислам. Додека црвениот е со 4 години. Други викаат дека се сосема различни. Трети викаат зависи дали главата на моторот е од алуминиум или не. Вистински одговор нема да добиеш никаде, веруј. Каков си имал до сега, таков стави.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Антифриз
« Одговори #709 на: 18 Септември 2023, 00:17:12 am »
Значи Г12 може слободно. Е сега дали да барам Глисантин да ми носи некој од ДЕ или да си земам било каков (досега користев Вурт од Лукоил), а може да побарам од Равенол ако е добар.
Туку за чистење на системот како оди постапката?
Колегата ми рече да вадиме црево од хладњак, да пуштиме црево со вода да врти, па да ставиме мешавина.
Едит: За моторот пишува дека има алуминиумска глава, најверојатно нема бакарни елементи.
« Последно менување: 18 Септември 2023, 00:40:12 am nestor04 »

Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 590
    • ibiz.mk
Одг: Антифриз
« Одговори #710 на: 18 Септември 2023, 08:20:17 am »
Г11 плав само и не се замарај и отварај главоболка.
Јас користам концетрат од wurth
« Последно менување: 18 Септември 2023, 09:32:32 am Tomce »

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Антифриз
« Одговори #711 на: 30 Октомври 2023, 08:42:50 am »
Не бидете нубој како мене, зелениот бил концентрат, сега дури видов по сликите, дома ќор, и не, не е зелен, син е.  :-\
... и засега сум на 600ден дадено за антифриз за „дотур“, а само 300мл ми требаат, другиот вишок ми е портокалев.   :-X





Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Антифриз
« Одговори #712 на: 30 Октомври 2023, 09:01:51 am »
Ај биди паметен...



Всичко е избугарено. Нели G12 беше црвен?

Најпаметно е комплетен flush, па стави каков сакаш после.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Антифриз
« Одговори #713 на: 30 Октомври 2023, 09:02:29 am »
Беше...

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Антифриз
« Одговори #714 на: 30 Октомври 2023, 09:15:52 am »
Абе зелен сакав, оти да ставеа во официјалниот на Рено Тип D пред 5 години, кој е жолт, се ќе беше во ред, а тип D e жолт кај повеќето производители. Тие ставија универзален зелен.

Не сакам кафеав антифриз да добијам ко ќе мешам бои, оти ако сакав рѓа боја на вода ќе возев. ;D
Ама со 300мл син, сега проверив пак зелен ќе биди, нијансата ќе ја смени, од тој ќе си турам.
« Последно менување: 30 Октомври 2023, 09:30:52 am Power to the people »

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Антифриз
« Одговори #715 на: 30 Октомври 2023, 13:41:27 pm »
Бојата да не си зависеше од производител до производител, пр има Г12 во црвена, плава, портокалова. Мислам дека бојата не игра никаква улога туку кој тип на антифриз е, кој состав го има.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Антифриз
« Одговори #716 на: 31 Октомври 2023, 07:03:21 am »
Освен ако не си го смениш сам или ти кажат, ориентација имаш само по бојата.

Цел треба на голем сервис вгодина да го менувам, а нов сега па после да го претурам глупо ми е.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Антифриз
« Одговори #717 на: 01 Ноември 2023, 08:23:37 am »
Кај антифриз секогаш се прави комплет flush (добро, не ко @Diesel, тој вади блок, го става во сушара за алишта за да извади се од стариот антифриз ;D).

Бојата е небитна се додека спецификацијата е потребната.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Антифриз
« Одговори #718 на: 01 Ноември 2023, 10:27:54 am »
Добро сеа, табиетлија сум, ама не толку многу. :D

Најдобро е flush, секако, и најисправно е.

АМА.

При обична замена на пумпа за вода, еве, пример. Кој сервис прави flush пред / по замена на пумпата? Ни еден. Сите дотураат - испушта од хладњак, во блокот останува стариот и дотура нов во хладњакот или експанзиониот сад.

Во една таква ситуација, пример, да го земеме и таквиот начин на сервисирање за исправен и репер (што не е), ама еве, just for kicks. Треба сега да менувам пумпа за вода и антифриз на Сузукито. При промената пред две години, јас лично купив G11 син. Пред тоа имаше зелен некаков. Не се правеше flush, туку само се испушти и дополни, стандард замена, пошто замената не ја правев јас. Ако сега само дотурам по замената на пумпата, купив Valeo Protectiv 40, зелен, и еве ќе дотурам. Арно ама, Valeo-то е G12, ЗЕЛЕН, а јас знам дека во системот има G11.

Сега, при замена, пошто јас ќе ја правам, ќе правам комплетен flush, ќе испуштам по flush, ќе заменам пумпа, па ќе ставам зелен RTU. Е сега, иде главниот момент - Valeo зелен e G12 што го купив. Нема G11. А нели знаеме, G11 и G12 не се мешаат, пошто G12 е црвен / розов, така? Од каде сега зелен G12? Барав стриктно Valeo, и сите бои Valeo (црвен, розов, жолт, син и зелен) по спецификација се G12.

Фактички, ако не правам flush, ќе ставам G12 на веќе G11 во системот, што е штетно за моторот (валјда).

Flush ќе правам од повеќе причини (нова пумпа за вода, нов антифриз комплет - да знам што има точно во системот, продолжен интервал на замена на G12 во однос на G11 - 5 спрема 2 години, поголема заштита итн.) Тоа заебанцијата со алу блок или не знам каков, воопшто не го земав во предвид.

Муабетот ми е - како лаик, еве се дешава да морам да дотурам ради дефект, пукнато црево и сл. за да стасам до сервис, и ќе ставам ЗЕЛЕН G12 на ЗЕЛЕН G11? Која е поентата на боите на антифриз, ако по спецификација се сите исти? Како ќе знам, а да не направам зијан?

Или ваков пример, каде на самата експанзиона посуда има СТРИКТНО УПАТСТВО ПО БОЈА што да се стави...?


Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Антифриз
« Одговори #719 на: 01 Ноември 2023, 10:31:29 am »
Мене ме буни моментот што си табиетлија, а си купил G12  ;D