Ако ти е битен моторот, брендот не е битен BMW се зима ради динамика во вожња, стабилност, прецизност, лесноќа за контролирање...другите ствари ги прават подобро други брендови за помалце пари. Повози ги америчките, можда нема да ти се свиѓа тромавоста на шасијата, непрецизно управување, тежина, големина...јас не сум возел масл кар до сега ама сите викаат дека се сплавови со исклучок на zl1 gt500 итн кои уствари не се масл кар веќе.
И на крај на денот дали ти треба медицински скалпел да љупиш јабука или и обично ноже ќе ти врши работа...во превод кој иде на тркачка патека секој ден па да му требаат сите тие финеси.
Не знам за тебе ама јас кога ќе седнам во некој брод што се прекршува и се "тајта" во кривини, едвај чекам да си се вратам на скиролот кај мене...
Има нешто што ме прави по сигурен, по способен во вожњата... Овие другите големите, некако ми се хендикепирани кога станува збор за брзи и остри реакции.
Како и да е, тоа ти треба многу ретко, да не речам некој не ни има потреба од тоа....
Затоа господска голема кола е царска работа. Јас би му сугерирал на Кирил доколку може да гледа 6ка. Одлична вожња, добро држи, голема кола.
Бензин секако, да може да ја среди по ќеиф да му брмчи и еден ремап чисто онака да ја засили малце.