После некое време да претставам кола, како што пишува во насловот се работи за е90 335и, 3,0 би турбо 306кс.
После долго барање и мислење успеав да ја најдам оваа што ги задоволуваше моите критериуми при избор.
Мораше да е на задни да не е икс драјв да има рачен менувач и ајдрајв (сакав да е со мспорт пакет ама не успеав да најдам некоја што е толку сочувана за ок цена) Несакав купе поради практични причини а и некако седанот ми се свиѓа, караванот никогаш во уса не се продавал со 335и мотор. Исто долго се мислев за Ф30 но ке оставам тоа за понатаму.
Детали за колата.
Има поминато околу 90,000 ја купив од БМВ салон, јас сум втор сопственик со цела историја.
Во моментот сум со зимски гуми бриџстон близак 225/45/17
Наскоро ке ставам 18ки со 255/35/18 позади и 225/40/18 напред.
Еве и некоја слика за почеток.