Автор Тема: Project VW Corrado  (Прочитано 26368 пати)

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #90 на: 01 Јануари 2021, 15:38:29 pm »
Другари прво да ви посакам се најдобро во Новата Година, да си замине оваа пандемија па да може да си договориме дружење.

Е сега, бидејќи 2021 е година кога планирам малку повеќе внимание да посветам на Корадото со цел да се средат детали кои што ми сметаа, се користи времето за набавка на делови. Покрај фаровите кои се конечно намонтирани на кола, дојдов и до еден занимлив сет, а следно на листа е инструмент табла од ВР6.





Станува збор за Wilwood со дводелни дискови и големина од 310мм што значително ќе ја подобри моќта на кочење земајки ги во предвид и панцир цревата. Се одлучив на ваков потег бидејќи моментално со тежината напред нема некоја сигурност во кочењето.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29660
    • CARclub.mk
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #91 на: 01 Јануари 2021, 18:52:44 pm »
Нааааааааааааааааааааааајс!

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #92 на: 19 Април 2021, 10:15:07 am »
Темата фатила бааги прашина. Туку ај еден апдејт, што и како се случува. Пред некој ден ги добив сликите долу.





@Deno ми најде забелешка на ентериерот ситна што требало да се корегира, по сликите не е баш ситна... ми отворил еден куп работа  ;D  ;D  ;D

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #93 на: 21 Април 2021, 22:11:28 pm »
Вчера и денес малку повеќе внимание на Корадото, да е жив и здрав братучед ми и со лесно да му оди работата. Вака започнавме:





Вака изгледаше од надвор, се гледа еден дел од хаубата што не е полиран и споредба со полираното.



Моментално како изгледа се средено:











И назад во гаража, ако ме послужи времето утре во план е промена на десен механизам за прозор, досредување на инсталација и ако стасам да се намести преден спојлер на браникот заедно со уште едни решетки кои се фабрички и ги чував на страна до сега.






Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29660
    • CARclub.mk
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #94 на: 22 Април 2021, 07:44:23 am »
Сигурни сте дека е истата кола?

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1075
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #95 на: 22 Април 2021, 19:44:00 pm »
Убо,убо

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #96 на: 23 Април 2021, 11:37:15 am »
@zeroSignal со сигурност не е 😂

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #97 на: 08 Февруари 2022, 00:52:00 am »
Шшшшшшт да не се чуе, ќе има новости у скоро време :D

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #98 на: 18 Април 2022, 21:10:59 pm »
Ок, да почнеме со новостите или да кажам ајдемо даље моја туго.

Додека се чека ентериерот почнав да ги средувам ситниците кои мене ми сметаа и кои ако ги оставам како што се ќе ги знам секојпат кога ќе ја возам колата и ќе одат на нерви :D

Прва работа на листата, колата дојде со клуч за палење кој што не работеше со бравите на вратите... донекаде ќе каже човек со централно не ти ни треба да работи, ама едно што централното е од тие кинеските афтермаркет друго што незнам кој и кога го врзал ама нешто влечеше струја и ако колата е заклучена тогаш ќе ја отклучиш само ако си остроумен.

Така да започна процесот на вадење на кинезаријата и може гратис да им го вратам назад.









И ова е резултатот од кинеските шпагети.



Следно се фатив за цилиндрите од бравите како што спомнав, имав неколку цилиндри резерва па решив да ги растурам за да можам да искомбинирам да работат со клучот од бравата за палење. Немам слика како беа растурени од причина што беше премногу бавна и валкана работа од маста за подмачкување кои ја имаа. Она што е битно тука е дека успеав двете страни да ги средам да работат на ист клуч.

Е сега, централниот систем кај Корадото... оној фабричкиот работи на принцип на вакум, со тоа што на самата рачка од врата има прекинувач кој во зависност од состојбата или пушта плус или пушта минус и преку вакум актуатори на бравите отклучува или заклучува. Кај мене на двете врати беа исечени каблите од рачките, ги прелемив и пробав да тестирам дали работат т.е. дали сега веќе фабричниот систем за заклучување работи или не само за да откријам дека годините и претходните оштетувања на истите си го земале данокот. Затоа сега се нарачани нови рачки кои изгледаат вака.



Втората работа која е поврзана со инсталација/струја и мораше да ја средам е што ми гореше осигурач кога пуштав бришачи, Даре правеше тест само за да откриеме дека моторчето од бришачите е изгорено. За оние од вас кои знаат дека Мекларен Ф1 носи ретровизори од Корадо, еве ви уште еден интересен факт, Голф 4, Бора, Ауди А3 од цирка 2000та година носат исто моторче за бришачите :D

Сега бришачите се средени, го чекаме @Deno со ентерирот, ако секој што стигне до оваа реченица му прати ПП на Дено да побрза може у следните неколку недели да биде се готово  ;D ;D ;D

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #99 на: 23 Мај 2023, 15:42:55 pm »
Додека времето ни е тмурно и сонце не видовме од Март навака, полека се одвиваат некои работи во однос на проект Корадо х2. Едното чека ентериерот да биде финиширан и да може да се собере, регистрира и вози, додека другото пред некое време го разбудивме од зимски сон да се спрема за преместување и да почне да се работи лимарија тука и таму. Среќен сум што за вториот проект ги најдов сите делови што беа потребни, така да имаме добра основа сега.