Епа другари наздравје готово е Корадото
Мала шала, не се лутете одма што не сум постирал од процесот на работа.
Инаку доколку класниот
@zeroSignal е ок во иста тема ќе Ви презентирам две Корада. Стаса уште едно Корадо на МК табли во возниот парк, беше долг процес додека да се финализира се.
Детали за колата:
1. VW Corrado 1992 facelift модел
2. Електрика на прозори и сончев кров
3. Клима
4. Кожен ентериер
5. 2.0 16В мотор 150кс АБФ од тројка ГТИ
6. Активен заден спојлер
7. ФК штелки
8. Порше Куп или како и да се викаат реплика бандажи 17ки кои не беа по мој вкус во замислата за колата, мразам од профил кога ја гледаш колата и само бандаж и гума да гледам
Претходниот сопственик е исто голем љубител и колата е доста пазена, одржувана и нема премногу работа по неа. Не е возена година дена па сега поминувам низ основни проверки и поправки (испуштање воздух од кочници, промена на термички давач и сл) па спремно да биде за регистрација.
Оваа "несреќа" на сликата сум јас во прашина вечерта кога си ја земав колата.
Чисто да не мислите дека уште ве лажам и не е истото Корадо
Малку да фати сонце и да се испере.
Ентериерот целосно го земав во кутии, бидејќи колата е недовршен проект донекаде. Не била целосно склопена после фарбање, па сега тоа ми е главна преокупација заедно со средување на детали и секако 16ка бандаж како што личи на тој отвор за гуми.