Било каде, подобро е од тука. Јас еве стварно можи глуп сум ама некако не сваќам шо е толку фантастично добро за да платам 2000е за квадрат за потпросечен квалитет градба, и уште и за паркинг гаража шо и онака нема да ти ја заштити колата оти кај и да паркираш ќе ја сољупат. Кои се тие добри паркови и училишта во државава, здравство нема, има државно ама уствари нема, приватно исто нема баш а ќе те одерат. Воздух во градот нема, има ама секој трет е веќе редовен пациент на онкологија, јавен превоз лош и така натаму до недоглед работи. И на цело тоа едно 160000 евра да се испружиш да плаќаш цел живот за стан од 80кв. За мене е безсмислено, да би ги имал 160000 се одлична поткрепа за да се одселиш и интегрираш во било која европска држава и да продолжиш со нормален живот таму и нормална околина и образование за децата и поколението.
Sent from my Redmi 4X using Tapatalk