Автор Тема: Alfa 147 JTDm  (Прочитано 78815 пати)

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1012
Alfa 147 JTDm
« на: 23 Септември 2018, 15:59:52 pm »
 I sve je pocelo ovako :D
Одкако се повозив во на еден другар  147-ката некако ми влезе во око, во срце  и решив после 10г возење на мегани дека мора да купам една и покрај сите муабети од типот "земи опел,ти будала си, по мајстори ке останиш, скапа е за одржавање итн".  :D
После 2 недели разгледвање и вртење на пола македонија (со цени  од 2800 - 4000е) и (досадвање од моја страна на osmica i simo за совети), конечно една ми се виде најкоректна и надојбра од сите, увезена од Швајцарија во март, купена од мене од Куманово.
Alfa 147 1.9 JDTm 110kw 2005г, со стандард опрема :
- Климатроник
- Темпомат
- Електрика на сите прозори
- Електрика на ретровизори
- Фабричко озвучување со команди на волан...
Направен е основен сервис на колата и тоа :
- Сет ребраст каиш со затегачи (Gates) - 5800ден
- Водна пумпа - 2200 ден
- Ф. Воздушен - 600 ден
- Ф. Маслен    - 250 ден
- Ф. Нафта      - 600 ден
-  ПК- каиш    - 1000ден
-  Црево од турбо до интеркулер - 2000 ден
-  Масло Liqui moly - 2800 ден.   
Генерално  од колата сум задоволен не крцка не тропа, при полна гас ги пали гумите и оди како ракета   ;D
Единствено шо не ме бендисва е то шо се лупат и лепат внатрешните  рачки на задните врати ( дајте совет како да ги средам, со карбон фолија, стружење па фарбање ? )
На некое време ми светнува дека има прегорено сијалица на десната страна а колку шо проверив светат сите .
И кога ке дадам контакт ако почекам подолго време се закочва клучот и не можам да ја запалам, па треба да го вратам во почетна позиција и на ново.
Некоја слика од лепотицата












Сите совети и критики  се добредојдени  :)

« Последно менување: 23 Септември 2018, 16:11:11 pm vladimir_1 »

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7595
  • Плинаш!!!
Одг: Alfa 147 JTDm
« Одговори #1 на: 23 Септември 2018, 16:15:57 pm »
Стварно е лепотица. Долго да те служи. Туку дај некоја слика од рачките што се лупат, па да ти дадеме некој совет.

Sent from my Huawei P Smart using Tapatalk


Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2609
Одг: Alfa 147 JTDm
« Одговори #2 на: 23 Септември 2018, 16:46:14 pm »
Epten dobro izgleda, so zdravje da se vozi  :)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Alfa 147 JTDm
« Одговори #3 на: 23 Септември 2018, 17:29:12 pm »
Честито све најбоље....

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11708
  • Архитект
Одг: Alfa 147 JTDm
« Одговори #4 на: 23 Септември 2018, 18:07:09 pm »
Со здравје да се вози. Уба да му среќата.

Дај слика од цревото да видам шо напрај?

Рачките.

Земаш памук или некое крпче. Земаш од аптека многу % алкохол. 97 да речиме.
Го натопуваш крпчето или памукот и ги триеш рачките убаво. Ама стварно убаво триење имаш. Тоа гумата после некое време ќе си излези. И рачките ќе си светнат, џам ќе се напрат. Немаш потреба од фарбање или други зафати.
Исто така и со тие пластиките кај горните рачки за вратите, исто и со кругчињата кај климата и со тастерите за прозорите. Пажливо само кај тастерите за прозорите оти се од бела - фарбана пластика. Па ако многу јако триеш можи бели да ги направиш.
:)

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3131
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Alfa 147 JTDm
« Одговори #5 на: 23 Септември 2018, 19:10:30 pm »
Mnogu bezgrizni km

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1012
Одг: Alfa 147 JTDm
« Одговори #6 на: 23 Септември 2018, 19:57:13 pm »
Фала ви на сите.
@ osmica еве слики  од старото црево и местото каде што беше пукнато



Новото заборајв да го сликам пред да го наместам,формата е иста,мислам дека внатре е силиконско и  беше подоглго 3-4цм од старото па морав да го сечам за да го монтирам. Еве слика од сечениот дел


@ Zile punto еве слика од рачката како изгледа моментално


Ke пробам овие дена како шо кажа оsmica ако се исчистат супер.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11708
  • Архитект
Одг: Alfa 147 JTDm
« Одговори #7 на: 23 Септември 2018, 20:46:12 pm »
Значи купи готово црево силиконско? Не правеше метално?
Ок.

100% се чистат. И кај мене вакви беа. Ќе се исчисти тоа гумата стопена и ќе си дојди пластика.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7595
  • Плинаш!!!
Одг: Alfa 147 JTDm
« Одговори #8 на: 23 Септември 2018, 21:35:19 pm »
Ете осмица ти објасни.

Sent from my Huawei P Smart using Tapatalk


Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43418
  • Il Moderatore
Одг: Alfa 147 JTDm
« Одговори #9 на: 23 Септември 2018, 22:25:50 pm »
Кај мене е изљуштена, ама не е стопена, мислам дека од јаки средства за хемиско, стануваат вакви мрсуљави... Нема везе, осмица ги има средено неговите - тип-топ се. мене, искрено, ме мрзи на мојата да ги средам :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1012
Одг: Alfa 147 JTDm
« Одговори #10 на: 23 Септември 2018, 22:34:23 pm »
Значи купи готово црево силиконско? Не правеше метално?
Ок.


100% се чистат. И кај мене вакви беа. Ќе се исчисти тоа гумата стопена и ќе си дојди пластика.
Прашав во бт на неколку места,    не можеле да напрат од цевки и мораше црево :)

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1012
Одг: Alfa 147 JTDm
« Одговори #11 на: 25 Септември 2018, 18:15:46 pm »
После пола сат работа еве го резултатот
Before


After


Tnx osmica8  ;)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7595
  • Плинаш!!!
Одг: Alfa 147 JTDm
« Одговори #12 на: 25 Септември 2018, 20:24:51 pm »
Тоа е тоа, супер изгледа.

Sent from my Huawei P Smart using Tapatalk


Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5085
Одг: Alfa 147 JTDm
« Одговори #13 на: 25 Септември 2018, 21:05:04 pm »
Уште малце имаш,шо се уплаши :)
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11708
  • Архитект
Одг: Alfa 147 JTDm
« Одговори #14 на: 25 Септември 2018, 22:35:17 pm »
To e то.

Мамиш малку. Си оставил таму на крај уште тро за чистење.
Крени ги овие за прозорите со штрафцигер нагоре. Одма излегуваат и исчисти порает.

Само кај возачката е со штраф долу кај џепот.