Автор Тема: Opel Astra H (Classic III) 1.4 66kw (2010)  (Прочитано 14139 пати)

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Opel Astra H (Classic III) 1.4 66kw (2010)
« Одговори #45 на: 16 Март 2024, 20:17:00 pm »
Жива, здрава и служи.

На крај на сезонава се земаа и нови зимски гуми (Matador Nordicca). Ставени беа и летните.

Не се вози многу, работната недела ја минува претежно во гаража, за викенд се поминува по некој километар. Неколку пати во годината на отворено низ МК и соседниве земји, и тоа е.


Sent from my Xiaomi 13T


Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Opel Astra H (Classic III) 1.4 66kw (2010)
« Одговори #46 на: 16 Март 2024, 20:58:40 pm »
Колку троши во град, а колку на автопат?
Мислам дека е бајаги потешка од астра г.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Opel Astra H (Classic III) 1.4 66kw (2010)
« Одговори #47 на: 16 Март 2024, 21:02:17 pm »
Зависи како се вози... Низ град знае да е и под 8, знае да е и 10.

На отворено, пониско од 5.9 не сум успеал да спуштам... Умерена вожња, 6-6.5, со клима и брзање знае да да е нешто ситно над 7....

Ако ја научиш добро, знае да е доста штедлива.

Не е многу потешка, 100тина кг..

Астра Ј е веќе тешка-тешка.

Sent from my Xiaomi 13T

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5916
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra H (Classic III) 1.4 66kw (2010)
« Одговори #48 на: 16 Март 2024, 22:24:11 pm »
Исто колку астра г троши на отворено.
Низ град ме чудиш под 8, кај мене испод 10 не е, ама знам нагло да тргнам до 4000 вртежи.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Opel Astra H (Classic III) 1.4 66kw (2010)
« Одговори #49 на: 16 Март 2024, 22:26:18 pm »
На времето, јас кога ја возев, под 8 не беше...

Татко ми кога ја вози, редовно е околу 7... Само јас немам живци ни да се возам со него, камо ли јас така да ја возам.

Кај него, нема 4000rpm видено колата...

Sent from my Xiaomi 13T