Автор Тема: Opel Astra GTC 1.7 CDTI EcoFlex  (Прочитано 12117 пати)

Отсутен xnickx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 75
Opel Astra GTC 1.7 CDTI EcoFlex
« на: 09 Септември 2018, 21:54:43 pm »
После два месеца натегање денес-утре, конечно ја паркирам колата во гаража  :)

Како што стои во насловот, станува збор за Опел Астра ГТЦ, дизељ повер.

- Година на производство: 2009

- Километража: кога ја купував стоеше на борд нешто под 92.000, ама се испостави дека е повеќе од тоа пошто шупаците вратиле километража ама заборавиле гаранција за купени гуми во фиока од 2016 каде што стоеше дека колата има поминато 135к км, со изваден просек ако е купена одма во 2009 колата, треба да има негде 170-180к км.

- Мотор: 1.7 CDTI EcoFlex (Еуро 5) 6 брзини 110PS @ 4000rpm, 260 Nm @2300rpm

- Тркала: 16" кои прв пат ги гледам на Астра, испадна дека се фабричка опција само за ГТЦ или за Зафира, со Uniroyal Rainsport 3, 205/55 R16

- Опрема: Клима, електрика на стакла и ретровизори, радио со aux и команди на волан, борд компјутер.

По некоја рандом слика






Одма морав да ја сефтосам од позади:


Гостин:


До сега направено:
- Промена на масло и сите филтри, ставено Petronas Syntium5w40, иако според упатсво стоеше 5w30, никакви поплаки до сега
- Променети ремени со затегачи, водна пумпа, задни плочки
- Репарирани конектори до греачите, жиците беа шит, па како времено решение ставени се метални клемп спојки што водат до конекторите и heat shrink tubes.
- Ставен поцрнувач за пластики кај магленките

Што треба да се направи во иднина:
- Заден брисач не работи, најверојатно рикнато моторчето, ќе треба да се смени.
- Да се стави клима фолија, ме утепа сонцево.
- Да си го поправам сефтето на заден браник
- Паркинг сензори, за да не се повтори дешавката од погоре
- Фаровите се замаглени и има доста микро пукнатини на пластиката, џешкото итаљанско сонце си ја завршило работата, пробав со DIY не успеав
- Да се удри добро полирање, има некои глупи грепки по вратите од лупање по паркинзи
- Задни амортизери, ми кажаа дека се при крај
- Стрелката на обртомер знае од време на време да варира под и над 1000 вртежи во лер, и на постигната температура, можеби дизните?
- На секој резервоар знае да „изгуби“ по 300 мл антифриз, можда некое црево?

Толку сега за сега  ;D


Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Opel Astra GTC 1.7 CDTI EcoFlex
« Одговори #1 на: 09 Септември 2018, 22:25:39 pm »
Сo здрaвје дa се вoзи.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: Opel Astra GTC 1.7 CDTI EcoFlex
« Одговори #2 на: 09 Септември 2018, 22:43:12 pm »
Ајде аирлија 😃
Фино моторче,како е со потрошувачка?
Тоа шо губи антифриз биди среќен ако е од некое црево.
А тоа за варирање на обратаи најдобро на дијагностика.

Sent from my Lenovo K33a48 using Tapatalk


Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1765
Одг: Opel Astra GTC 1.7 CDTI EcoFlex
« Одговори #3 на: 09 Септември 2018, 22:53:18 pm »
Со здравје да се вози. Од кај ја зема? Ме интересира за километражата што ја вратиле

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 873
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Opel Astra GTC 1.7 CDTI EcoFlex
« Одговори #4 на: 09 Септември 2018, 23:39:42 pm »
Со здравје да се вози. Дали навистина варираат обртаите, или само стрелката си отскокнува на инструмент таблата?
Инаку, има некоја причина зашто стави 5-40, наместо 5-30?
Поздрав

Отсутен xnickx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 75
Одг: Opel Astra GTC 1.7 CDTI EcoFlex
« Одговори #5 на: 10 Септември 2018, 08:49:37 am »
Сo здрaвје дa се вoзи.
Фала, со поубаво да се враќа :)

@riki_staff Фала, со поубаво да се враќа :) Просечната не мрда од 6 литри, обично 5 на отворено, иако знам дека може помалку ако припазам, град ми е стандард 7. Ќе ја носам до Автомакедонија иако се лешинари со цените.

@AngelSK Фала, со поубаво да се враќа :) Купена е од Дирала Авто, во Драчево едно 150 метри после црквата. Случајно налетав на нив и оваа им беше единствена понова и посочувана кола, све друго беше крш. Ги носат од Бугарија (Паланечки бизнис модел) кои ги земаат од Италија. Дечкото што ги продава тука се правеше на тошо кога прашував за километражата као „па не знам дали е реална, би требало да е“.

@386ka  Фала, со поубаво да се враќа :) Да, варираат обртаите, како да се бори моторот да не згасне, ама трае многу кратко. Пред да ги заменам ремените беше поочигледно и повеќе рипаше стрелката, да речеме од 900-1100, сега се поситни варијации одма под и над 1000, и тоа звучно се осеќа. За маслото, ставив 5-40 поради стравот да не ми го испие пореткото масло а и очекував дека ќе биде пожешко летово. Поминав 3000 км во Италија на одмор, и се на се 8000км од кога ја имам (крај на мај), не е нешто паднато нивото. Додека дојде зима ќе дојде на ред повторна промена, па ќе пробам со 5-30 да видам дали ќе има некоја разлика.
« Последно менување: 10 Септември 2018, 09:11:41 am xnickx »

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Opel Astra GTC 1.7 CDTI EcoFlex
« Одговори #6 на: 10 Септември 2018, 08:52:38 am »
Почекај уште некој месец додека да ја научиш, па после носи ја на фарбање/полирање.
На пролет најубаво.

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Opel Astra GTC 1.7 CDTI EcoFlex
« Одговори #7 на: 10 Септември 2018, 08:53:16 am »
So zdravje da se vozi

Отсутен xnickx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 75
Одг: Opel Astra GTC 1.7 CDTI EcoFlex
« Одговори #8 на: 10 Септември 2018, 09:16:29 am »
Почекај уште некој месец додека да ја научиш, па после носи ја на фарбање/полирање.
На пролет најубаво.
Така и ќе биде, многу ми е лоша прегледноста позади, може да бидне уште некоја грепка до тогаш ;D

@dame Фала, со поубаво да се враќа :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Opel Astra GTC 1.7 CDTI EcoFlex
« Одговори #9 на: 10 Септември 2018, 09:22:09 am »
Честито количе!

Колку што знам, обртаите во лер не треба да бидат на 1.000, за да варира под и над, како што даваш забелешка.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Opel Astra GTC 1.7 CDTI EcoFlex
« Одговори #10 на: 10 Септември 2018, 09:43:59 am »
Со здравје да се вози и внимавај на температурата на моторот, нелогичен инжењеринг за кола без барче за температура на мотор на шалтабла :)

Километрите се проверуваат и со теч2, има моторна или на абс.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Opel Astra GTC 1.7 CDTI EcoFlex
« Одговори #11 на: 10 Септември 2018, 10:05:20 am »
Со здравје да си ја возиш, оваа Astra GTC секогаш ми изгледала ептен добро. :)

Отсутен xnickx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 75
Одг: Opel Astra GTC 1.7 CDTI EcoFlex
« Одговори #12 на: 10 Септември 2018, 11:09:26 am »
@Mikius Фала со поубаво да се враќа :) За обртаите, се' ќе беше во ред и немаше да ми паѓа во очи стрелката, да не вадеше моторот звук како се мачи да одржава работен такт, кога ќе има нареден пат таква појава ќе снимам и ќе прикачам тука. Како стојадин да те чека да повлечеш саух :D

@howitz Фала со поубаво да се враќа :) Ќе проверам следен пат кога ќе одам на дијагностика за километрите. А за температурата една финта за сите сопственици на Астри со борд компјутер. Држиш 10 секунди на settings копчето и ти се отвара „тајното“ мени, каде што можеш да шалташ со OK копчето и да си видиш температура, волтажа на акумулатор, верзија на фирмвер, година на производство и дигитален брзиномер.

@zeroSignal Фала со поубаво да се враќа :)

Отсутен xnickx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 75
Одг: Opel Astra GTC 1.7 CDTI EcoFlex
« Одговори #13 на: 16 Септември 2018, 20:03:52 pm »
Од завчера повторно ми се појави проблемот со нерамномерното работење во лер. Скоро сите пребарувања водат до сличен одговор, дека станува збор за проблем со fuel pressure regulator, или pressure control valve (не знам по нашки како се вика edit: вентил за притисок на бош пумпа ќе да е). Вака работеше неколку минути и потоа моторот згасна. Додека возам нема никаков проблем и на секое второ застанување на семафор, се гаси колата. Снимив видео од проблемот, ама подоле прикачив едно што го најдов на јутуб затоа што е идентичен проблемот. Поради позицијата на сензорот (задна страна и се пристапува од долу) ќе треба да ја носам на сервис, не би пробувал да чачкам.
Секој совет е добредојден во врска со место од каде да го набавам делот, сервисер итн. :)

« Последно менување: 16 Септември 2018, 21:58:47 pm xnickx »

Присутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: Opel Astra GTC 1.7 CDTI EcoFlex
« Одговори #14 на: 16 Септември 2018, 22:16:07 pm »
за мајстор друже го збореа тука порано маршер беше и он активен доста сега не го забележувам постарите членови може да ти дадат повеќе инфо можеби @Stratro знае некој да ти препорача