Фала ви за советите. Беше однесена во АГС Бош сервисот, каде се констатираа три грешки,
- првата со ЕГР кој покажа дека си работи како што треба ама најверојатно имал некој hiccup во минатото, можно е да почнува да се насобира гареж и ќе треба да се зачисти,
- втората која што јас шпекулирав дека е, т.е. вентилот за регулација на притисок кој имал отскокнување, т.е. имал притисок над дозволеното ама исто во минатото оти не покажуваше активно ништо, и до него се должи тоа варирање на стрелката на обртометарот
- третата е електриката на греачите, кои во моментот не можеа детално да се истестираат, оти ќе требаше да ја оставам колата таму за да се олади. Последен пат кога ги тестирав примаа струја, ама ме предупреди Ванчо, опел сервисерот од погоре, дека клемповите се само привремено решение и дека можно е да треба да е менува инсталацијата. По форуми видов дека е познат проблемот со каблите, така што тоа ќе треба да се среди што е можно поскоро.