После два месеца натегање денес-утре, конечно ја паркирам колата во гаража
Како што стои во насловот, станува збор за Опел Астра ГТЦ, дизељ повер.
- Година на производство: 2009
- Километража: кога ја купував стоеше на борд нешто под 92.000, ама се испостави дека е повеќе од тоа пошто шупаците вратиле километража ама заборавиле гаранција за купени гуми во фиока од 2016 каде што стоеше дека колата има поминато 135к км, со изваден просек ако е купена одма во 2009 колата, треба да има негде 170-180к км.
- Мотор: 1.7 CDTI EcoFlex (Еуро 5) 6 брзини 110PS @ 4000rpm, 260 Nm @2300rpm
- Тркала: 16" кои прв пат ги гледам на Астра, испадна дека се фабричка опција само за ГТЦ или за Зафира, со Uniroyal Rainsport 3, 205/55 R16
- Опрема: Клима, електрика на стакла и ретровизори, радио со aux и команди на волан, борд компјутер.
По некоја рандом слика
Одма морав да ја сефтосам од позади:
Гостин:
До сега направено:
- Промена на масло и сите филтри, ставено Petronas Syntium5w40, иако според упатсво стоеше 5w30, никакви поплаки до сега
- Променети ремени со затегачи, водна пумпа, задни плочки
- Репарирани конектори до греачите, жиците беа шит, па како времено решение ставени се метални клемп спојки што водат до конекторите и heat shrink tubes.
- Ставен поцрнувач за пластики кај магленките
Што треба да се направи во иднина:
- Заден брисач не работи, најверојатно рикнато моторчето, ќе треба да се смени.
- Да се стави клима фолија, ме утепа сонцево.
- Да си го поправам сефтето на заден браник
- Паркинг сензори, за да не се повтори дешавката од погоре
- Фаровите се замаглени и има доста микро пукнатини на пластиката, џешкото итаљанско сонце си ја завршило работата, пробав со DIY не успеав
- Да се удри добро полирање, има некои глупи грепки по вратите од лупање по паркинзи
- Задни амортизери, ми кажаа дека се при крај
- Стрелката на обртомер знае од време на време да варира под и над 1000 вртежи во лер, и на постигната температура, можеби дизните?
- На секој резервоар знае да „изгуби“ по 300 мл антифриз, можда некое црево?
Толку сега за сега