да погодам може? дизелот е по еколошки од бензинецот? ааааа хахахаха... до тука стигнавте со самоубедување во личниот избор на дизел? кај е по економичен, сега и по еколошки?
100 пати и мерења постирав од исти возила со иста снага на мотори со и без турбо, на бензин, на плин и на дизел, ама не, дизелот бил по економичен... сега и по еколошки е а?
со среќа убедувањето на било кој што се разбира... и успат обиди се да објасниш зашто само дизелот (со или без метан) почнува да се забранува во производство а за бензинците (со или без плин) сеуште нема крајна граница за запирање на производство...
Ајде по ред.
Дизелот не е поеколошки од бензинецот, никаде не го реков тоа. Арно ама, дизелот има пониска емисија на CO2. Не во сите случаи, секако, и порано таа разлика беше поголема, сега е помала, ама тој беше трендот.
Јас никого не убедувам, нити па себеси се самоубедувам. Јас можам само да пренесам мерења (како што Симо направи тука) и да дискутирам за нив. Интересни се мерењата, и интересна е дискусијата.
И конечно, моторите со дизел не се забрануваат за производство. Во одредени градови е дозволено да се забрани да сообраќаат дизели кои не исполнуваат соодветни ЕУР стандарди на денови кога загадувањето е преголемо и локалните власти ќе одлучат за тоа, ама дека се забраниле за производство? Хаха.
А ако веќе зборуваме за некакви „забрани“ - многу држави најавија дека ќе забранат продажбa на нови возила со мотори на внатрешно согорување кои немаат никаква електрификација, ама тоа значи и бензинци и дизели, не само дизели. Така да, има време.
aaa ok... зашто твојот коментар на мојот пост, некако ме наведе дека сега ке се објаснуваме дали дизелот е или не е по еколошки од бензинецот... добро е, сепак не сте забегале дур ме немаше... си викам кој ке се опраа сега со оваква глупост... хехехехе
да... СО2 количински дизелите имаат пола пола да речеме мотори кои се со помала емисија на истиот... ама не е само тој гас како “остаток“ од согорување...
--------------------------------------
туку... ај да не ломотиме тука, ако не се лажам имаше тема бензин вс дизел, дај таму премести ги постовиве, да не му ја е'еме темата на човеков што огласил... премногу офф топик има... или ете предлог за нова тема:
мерење издувни гасови... или
споредба на загадувачи на тркала.. или
компарација на издувни гасови бензин вс дизел ТЕХНОЛОГИИ... или
ти одбери нешто, мада последново е според мене (немора да сум во право) терминот ТЕХНОЛОГИИ да биде употребен во контекст на тип на машина, затоа што дизел може на метан (cng) и бензин може на плин (lpg) и метан... повеќето од тука присутните онака баш “дрско“ ја прекинуваа дискусијата исто како и погоре кога ке се спомне гас за гориво, затоа што моторот не бил направен за тоа гориво? кај нас сеуште на гасот се гледа како на АЛТЕРНАТИВНО гориво, што е чиста глупост, бидејки сите аво индустрии веќе подолг период произведуваат возила со вградени гасни системи... затоа и би побарал таква тема, каде што ке збориме и дискутираме реално и објективно, по прашање технологии при избор на агрегат, а не според тип гориво... тука има дискусии еден куп од издувни гасови, преку редовни одржавања, се до редовни дефекти и фабрички болести...
трета страна сме по ред на оглас со офф топик муабети... му го зезнавме огласот на човекот...