Ајде "мала" ретроспектива со условно проблемот со климата.
Првото лето, климата дува ладно но не може да олади, плус вентилаторот на 3 и 4 брзина почна да вади некој непријатен звук, шуштење како експрес лонец.
Во сервис сменија полен филтер (стариот беше 8 месеци стар) и се подобри ладењето и го снема звукот. Сконтав дека е најдобро да се менува почеток на Јуни.
Второто Лето не бев нешто задоволен, особено кога е пожешко, но си најдов оправдување во големите стаклени површини, долгото киснење на сонце и кратките релации.
Скокнавме и до Охрид, по пат си ладеше исто како Меганот, мора на 3ка.
После плажа не можеше да олади. Не се седнуваше на седиште ако беше изложено на сонце, рингла.
Трето лето сопругата ми се жали дека не се вози колата после работа. Ајде штитници некакви за сонце на странични стакла, покрај постоечкиот за шофершајбна, џабе.
Во меѓувреме приметувам дека сонцето повеќе ме пече преку стаклото отколку во Меганот, почнав да се сомневам дека се должи на помалку тонираните стакла кај i10ката.
Почнав да се интересирам за фолии, но дигнав раце кога ми ја објаснија бирократската процедура за легализација, плус немало шанси на предни стакла
2016 ја купи i30, ладење камен со вентилатор на 2 брзина, тибам и Меган и i10
Пред неколку години дознав дека е малку поедноставена процедурата за атест на фолии, но прашање беше кого да одберам за местење фолии, пошто се изнагледав глупости као меурчиња, ѓубриња, флеки, виножита, лошо скроени итн
Во исто време почнав да се сомневам и во мањак на фреон, во лер не дуваше така ладно како при движење, но дури лани отидов на проверка, наводно фалеле 100тина грама.
И навистина почна да дува поладен воздух во лер.
Некни ја повозив колата до Катланово. Таму колата под сенка, на враќање ме испече сонцето преку стакло.
Кај i30 преку стакла го немам тоа чувство.
Одлучив дека дефинитивно морам да ставам фолии, инаку нема спас.
Неколкумина ми го фалеа Фолијацентар, плус прочитав на форумов од некого позитивно искуство.
Се одлучив за таму и не згрешив, педантно залепени фолиите.
Вчера ја возев колата во најжешкото, многу е поподносливо и покрај тоа што беше цел ден на сонце. Сега останува да купам нов штитник за сонце пошто на стариот вакумчињата не држат веќе.
Пред да се лепат фолиите видов дека на страничните стакла стои испечатено
минимум 70% транспаретност, значи може да биде од 70% до 85% транспарентност. Ако тоа игра улога во заштита од сончевите зраци, има некоја дубара...наводно кај фолиите иста била УВ заштитата без разлика колкаво е затемнувањето.
Не ми текна да погледнам што пишува на шофершајбната и на задното стакло.
А и овие прописиве што не дозволуваат фолии и на предни странични стакла.
Безбедност? Која безбедност кога ќе влезеш во фурна, башка што гледам деновиве како возат со подотворени врати со постарите коли.