Викендов ја возиме новата Fiesta.
Titanium ниво на опрема. Фино опременка - електрика на сите стакла, автоматска клима, 16-инчни бандажи, 8-инчен дисплеј со бљутуц, USB+Mp3, многу фини и комотни седишта, DRL со убави светла, кожен волан, кожен мењач, итн.
Комбинацијата од дизелчето (1.5 TDCi, 85 коњове) и 6-брзинскиот мењач е супер. Мењачот е особено добар - многу попрецизен и поубав за користење од 5-брзинскиот што порано го ставаа. Фино избалансирани односи. Низ град, со нормално возење 5.6-5.8 на 100.
Многу е работено на звучна изолација, и се гледа. Фини се и материјалите во кабината, и немам некои особени забелешки. Криво ми е што централниот наслон не се поместува понапред-поназад.
Ќе дополнувам со уште коментари и понатаму.