Фиестата може била 12-13000 порано "фул" опремена, ама таа опрема тогаш е основна опрема за оваа сега. Според мене денеска има премногу опрема што се плаќа а не се користи.
Затоа се нудат разни пакети. Јас сакам рецимо точна конкретна минимална опрема. Над тоа ми е сеедно се додека не намалува ствари.
Рецимо во Фокус тач скринот е 700 евра доплата. Значи плаќам плус и тоа бајаги пари за да си го отежнам животот и да немам физички копчиња за радио.
Многу подобро би дали 500 евра за металик боја, или 950еур за ксенон или 800 евра за лед фарови, 450 евра за задна камера, затемнети стакла, лумбална поддршка, електрика позади, темпомат, бандажи, автоматско кочење итн. Илјадници пати покорисни работи, ако ништо друго бар не ти отежнува со тргање копчиња.
Значи има од опрема до опрема. Јас 17ките бандажи би се договорил да им ги вратам уште при подигање на колата и да ги заменам за 16ки алуминиумски и челични 15ки.
Има разни работи. Голем дел од опремата е бајаги корисна ама има и бајаги бескорисна па дури и да ти отежнува.