Значи чоек поставува прашање што да купи за одредена сума пари бидејќи има дилема меѓу 3-4 модели на коли, нови во случајов и одма секој со желбите, мислењата дека 40К треба да си ненормален и не се даваат за кола, дека тренба да купиш половни мечка или јагуар или пак нов Суперб за20К.
Ми се допаѓаат сугестиите каде за помалку пари би купил нешто што Ауди го нуди за 35.000. Во моментов имам и голема дилема дали половно или ново возило, факт е дека и новото после неколку месеци до 2 години станува половно но меракот тие 2 години го плаќаш. Со кусурот радо би си купил:
http://www.beneteau.com/en/flyer/flyer-55-sundeck точно е дека лудост е во нашава држава да искешираш толку пари за кола, пред се затоа што немаме ни култура во сообраќај а па не камоли на паркинг а во некој од моиве претходни постови пишав дека автомобилов ќе ми биде само за возење на автопат, за градска кола дури ни фиестава не би ја возел, Скопје е дефинитивно мало градче што со велосипед/мотор е достапен за 15/20мин од било кој крај до центар, нема потреба од лечење комплекси да возам 300 коња и на секои 15 метри тргни, застани. Тука ги оправдувам плаг ин хибридите, за кое не би се двоумел веднаш би земал IoniQ и тоа ако можат по порачка Plug In и ќе ми останат и за приколица и за глисерот кусур. Веќе кога можам да си приуштам повеќе кеш за трошење, зошто да не го земам најдоброто за тие пари доколку постои ама како тестирам возила, повеќето автомобили помеѓу 25 и 40.000 еур се повеќе и повеќе ме разочаруваат затоа што ги споредувам со маздата, за која Јапанциве велат дека 2018та генерацијава уште подобра звучна изолација и поквалитетни материјали во кабината туриле, поради таа причина рипнала 3500еур во секое ниво на опрема. Исто така се фалат дека до нова година ќе направат бензинец кој само при палење свеќицата ќе испушта искра, потоа ќе работи на компресија бензинот, слична архитектура како кај дизелашите каде потрошувачката ќе се намали на 3.5-4.2 бензин со 2.5 мотор... шо на никој не му се верува, ама јапанци се во прашање