Лизинг
Возилото е на банката.
Ти го возиш на заем, и за тоа плаќаш месечна рата.
После 5 години го враќаш, земаш ново.
Повторно го возиш на заем и за тоа плаќаш месечма рата.
За период од 15 години ќе смениш 3 возила, сите од нив ќе бидат нови.
После 15 години немаш сопственост на никакво возило, бидејќи цело време си го возел под ќирија.
Арно ама комшиите ќе те зборат дека си парајлија и нон стоп мењаш кола. Нова од салон.
Кредит
Возилото е твое.
Земаш пари од банка на 15 години отплата. Секој месец плаќаш рата за кредитот.
После 15 кредитот си го вратил на банката. Возилото е твое и е пред распаѓање.
Во меѓувреме си се шинал од сервиси и мењање потрошен материјал.
Возилото можеш да го продадеш за многу малку пари, или во отпад за 3 денари кило.
Теоретски пак немаш возило за себе, затоа што се амортизирало.
Најчесто луѓето што земаат кола на кредит им се чудат на комшиите како нонстоп мењаат нова кола, што ја земале на лизинг.
Изборот помеѓу возило на лизинг или кредит е најчесто психолошка предрасуда.
И во двата случаи завршуваш без возило.
Европјаните најчесто набавуваат возила со лизинг.
Платите им се повисоки, нормално и можат да си го дозволат тоа затоа што немаат некои предрасуди во глава, а и плус условите за лизинг им се фантастични.
Старите возила не ги продаваат во отпад, затоа што ние балканците им ги купуваме.