Не разбирам што е страшно да се земе кредит за нова кола. Пример имаш 5000 евра кеш, земаш 5000 евра кредит, плаќаш 60 месеци рата 100 евра, земаш кола нова од 10.000 евра и имаш НОВА кола 5 години, во кој освен редовен сервис не би требало да имаш дополнителни трошоци за одржување. За мене е секогаш подобра опција одколку со тие 5000 евра што ги имаш да купиш половно ауто 10 години со 200.000км и да даваш пари за поправки(обично скапи поправки). Сето ова под претпоставка да можеш да делиш 100 евра рата во месецот.