Мислам дека споредбата меѓу голф и октавија е тотално утната.
Јас мислам дека споредбата е сосема оправдана и на место.
Тотално различна целна група на купувачи е во прашање. Чисто сумњам дека некој што купува голф ќе оди да проба и октавија. Леон да, ама октавија не.
Сите возила се во истата целна група на купувачи. Тој што отишол да гледа октавија или голф, леон нема ни да погледне. Леонот е исто што и октавијата само со очаен гепек. Зашто би купил леон освен ако цената не е фантастично поволна и поефтина од октавијата. Од голфот секако е поефтин. Кога семеен човек со деца ќе отиде да купува кола, прво нешто што гледа е гепек. Од овие три возила, Октавијата е три чекори пред Голф и Леон во однос на гепек.
Освен секако ако не станува збор за караванската верзија каде најбитно е големината на гепекот и просторот во кабината. Мене октавијата ми е одбивна, кола направена за максимално искористување на меѓуоскин простор на една шасија хенс и грдиот профил како да виси на од напрад и назад врз шасијата, колата е ''седан'' а нема силуета на таков затоа што гепекот е како насаден заради максимална искористеност, ентериерот е ... од каде да почнеме: Од послаб квалитет на кожа на волан и шалтер, екран на допир со послаба резолуција и контраст, рачката на шалтерот е прелесна и има погруб од, многу малку меки пластики, отсуство на изолација под хауба, отсуство на амортизер за хауба, неизолиран гепек, штофот на седишта е типичен шкода ист како во 10 години стара фабија и има малку најлонски филинг на допир, сигурно и стаклата се потенки итн итн... Многу работи кој секој од форумот би ги приметил затоа што барем малку е ентузијаст на коли.
Тоа е твое субјективно мислење. Сакаш и се надеваш дека другите го делат со тебе. Ама за жал не е така. Октавијата растура во продажба, баш заради спротивните факти од овие што ги имаш напишано.
Реално гледано, октавијата има малку повеќе пластика во кабина од Голф. Ништо повеќе. Истите мотори, менувачи, подвозје, електроника инфотејнмент ситем ги делат со Голф и Леон. Голф Комфортлајн и Октавија Лаурин Клемент неможеш да ги споредиш.
За 25.000 (по каталог) евра можеш да купиш Октавија РС со 250 коња и напукана до заби со опрема, ентериер кој е фантастичен, или за 25.000 (по каталог) можеш да купиш 2.0тди голф со темпомат и поголем тачкрин и подобри седишта од обичните модели.
Јас Голф нема да погледнам. Дури и во двор нема да им влезам на Порше.
Ама на страна тоа. Кој би купил октавија? Сигурно не 20-30 годишен млад човек со/без мала фамилија а таквите луѓе ги гледам меѓу другото како ќе возат и голфови, леони, мазда 3ки, кантримен, а класа на мечка... Абе нека е и дупло поевтина, нема да ја купам ќе возам ако треба и половна 6ка ама не ја купувам.
Баш 20-30 годишен млад човек ќе купи октавија. Застани на семафори за време на викенд и види кој ги вози Октавите низ Скопје. Или кога ќе идеш во шпиц накај Халкидики, на граница сврти се и види околу тебе кој седи во Октавиите. Млади луѓе со дечиња кои се спакувале за на одмор во гепек и уживаат во кабина без непотребен товар, кој што во гепекот на Голф не го собира.