Автор Тема: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline  (Прочитано 26477 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #60 на: 09 Октомври 2017, 07:17:45 am »
Е не ќе се заебаваме.

@NeVeNR вака пошироко гледано не би се согласил дека тој што купува голф нема да оди да проба и октавија. Напротив, помлади луѓе/фамилии купуваат октавија баш поради тоа вложено добиено. Ама се зависи од дадениот момент, кој колку попуст ќе даде, дали има некаква акција со екстра опрема, услови за лизинг итн.

Инаку како интересен податок, октавија хеч има само 20тина литри помал багаж од караванот.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #61 на: 09 Октомври 2017, 09:04:03 am »
Мислам дека споредбата меѓу голф и октавија е тотално утната. Тотално различна целна група на купувачи е во прашање. Чисто сумњам дека некој што купува голф ќе оди да проба и октавија. Леон да, ама октавија не. Освен секако ако не станува збор за караванската верзија каде најбитно е големината на гепекот и просторот во кабината. Мене октавијата ми е одбивна, кола направена за максимално искористување на меѓуоскин простор на една шасија хенс и грдиот профил како да виси на од напрад и назад врз шасијата, колата е ''седан'' а нема силуета на таков затоа што гепекот е како насаден заради максимална искористеност, ентериерот е ... од каде да почнеме: Од послаб квалитет на кожа на волан и шалтер, екран на допир со послаба резолуција и  контраст, рачката на шалтерот е прелесна и има погруб од, многу малку меки пластики, отсуство на изолација под хауба, отсуство на амортизер за хауба, неизолиран гепек, штофот на седишта е типичен шкода ист како во 10 години стара фабија и има малку најлонски филинг на допир, сигурно и стаклата се потенки итн итн... Многу работи кој секој од форумот би ги приметил затоа што барем малку е ентузијаст на коли. Ама на страна тоа. Кој би купил октавија? Сигурно не 20-30 годишен млад човек со/без мала фамилија а таквите луѓе ги гледам меѓу другото како ќе возат и голфови, леони, мазда 3ки, кантримен, а класа на мечка... Абе нека е и дупло поевтина, нема да ја купам ќе возам ако треба и половна 6ка ама не ја купувам.

така ти размислуваш, остатокот од Европа купува октавија и ич к не му чуе

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #62 на: 09 Октомври 2017, 09:07:25 am »
Е не ќе се заебаваме.

@NeVeNR вака пошироко гледано не би се согласил дека тој што купува голф нема да оди да проба и октавија. Напротив, помлади луѓе/фамилии купуваат октавија баш поради тоа вложено добиено. Ама се зависи од дадениот момент, кој колку попуст ќе даде, дали има некаква акција со екстра опрема, услови за лизинг итн.

Инаку како интересен податок, октавија хеч има само 20тина литри помал багаж од караванот.
Нормално, млади луѓе шетаат, возат круцијално им е гепек. Фамилии па ич да не зборам колку е круцијален гепекот. А октавија има еден од најсовршените гепеци во поглед на пристап и големина. Кај караван пристапот е полош за такви ствари зошто го гледаш од страна, а кај Октавија е одозгора. И кога го отвораш гепекот вратата и поклопецот ти се тргаат од патот. И таа даската ти се трга самата исто. Кај караван вратата ти оди во фаца и завестата треба сам да ја тргнеш. А големината е тука некаде.

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1023
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #63 на: 09 Октомври 2017, 09:13:09 am »
Јас кога купував кола гледав опрема и мотор пред квалитет на пластики, и мислам дека повеќето гледаат во тој правец. Што корист имаш ако пластиката е мека и убава на допир кога за 20.000е добиваш од опрема само волан и менувач и полу-мртов мотор. Затоа шкода моментално прави лом по целиот свет. Имаше некаде читав статија како паднала продажба на вв, затоа што сите купувале шкоди.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #64 на: 09 Октомври 2017, 09:33:58 am »
Мислам дека споредбата меѓу голф и октавија е тотално утната.

Јас мислам дека споредбата е сосема оправдана и на место.

Тотално различна целна група на купувачи е во прашање. Чисто сумњам дека некој што купува голф ќе оди да проба и октавија. Леон да, ама октавија не.

Сите возила се во истата целна група на купувачи. Тој што отишол да гледа октавија или голф, леон нема ни да погледне. Леонот е исто што и октавијата само со очаен гепек. Зашто би купил леон освен ако цената не е фантастично поволна и поефтина од октавијата. Од голфот секако е поефтин. Кога семеен човек со деца ќе отиде да купува кола, прво нешто што гледа е гепек. Од овие три возила, Октавијата е три чекори пред Голф и Леон во однос на гепек.

Освен секако ако не станува збор за караванската верзија каде најбитно е големината на гепекот и просторот во кабината. Мене октавијата ми е одбивна, кола направена за максимално искористување на меѓуоскин простор на една шасија хенс и грдиот профил како да виси на од напрад и назад врз шасијата, колата е ''седан'' а нема силуета на таков затоа што гепекот е како насаден заради максимална искористеност, ентериерот е ... од каде да почнеме: Од послаб квалитет на кожа на волан и шалтер, екран на допир со послаба резолуција и  контраст, рачката на шалтерот е прелесна и има погруб од, многу малку меки пластики, отсуство на изолација под хауба, отсуство на амортизер за хауба, неизолиран гепек, штофот на седишта е типичен шкода ист како во 10 години стара фабија и има малку најлонски филинг на допир, сигурно и стаклата се потенки итн итн... Многу работи кој секој од форумот би ги приметил затоа што барем малку е ентузијаст на коли.

Тоа е твое субјективно мислење. Сакаш и се надеваш дека другите го делат со тебе. Ама за жал не е така. Октавијата растура во продажба, баш заради спротивните факти од овие што ги имаш напишано.

Реално гледано, октавијата има малку повеќе пластика во кабина од Голф. Ништо повеќе. Истите мотори, менувачи, подвозје, електроника инфотејнмент ситем ги делат со Голф и Леон. Голф Комфортлајн и Октавија Лаурин Клемент неможеш да ги споредиш.

За 25.000 (по каталог) евра можеш да купиш Октавија РС со 250 коња и напукана до заби со опрема, ентериер кој е фантастичен, или за 25.000 (по каталог) можеш да купиш 2.0тди голф со темпомат и поголем тачкрин и подобри седишта од обичните модели.

Јас Голф нема да погледнам. Дури и во двор нема да им влезам на Порше.

 Ама на страна тоа. Кој би купил октавија? Сигурно не 20-30 годишен млад човек со/без мала фамилија а таквите луѓе ги гледам меѓу другото како ќе возат и голфови, леони, мазда 3ки, кантримен, а класа на мечка... Абе нека е и дупло поевтина, нема да ја купам ќе возам ако треба и половна 6ка ама не ја купувам.

Баш 20-30 годишен млад човек ќе купи октавија. Застани на семафори за време на викенд и види кој ги вози Октавите низ Скопје. Или кога ќе идеш во шпиц накај Халкидики, на граница сврти се и види околу тебе кој седи во Октавиите. Млади луѓе со дечиња кои се спакувале за на одмор во гепек и уживаат во кабина без непотребен товар, кој што во гепекот на Голф не го собира.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #65 на: 09 Октомври 2017, 10:00:43 am »
Голф како голф досаден, монотон пензионерски настроен :)
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #66 на: 09 Октомври 2017, 10:02:17 am »
Уште пореално гледано, октавијата нема повеќе пластика во кабина од Голф. Сите коли од таа класа генерално во погорниот дел од кабината се меки на допир. Разликата е на друго место, ама на кој му се чита  :). Едино, ако веќе сте се фатиле за пластики како најважниот предуслов за ново ауто, пластиката кај рачната/каде што се ставаат чаши е малце покрута кај октавијата.

Цитат
Од послаб квалитет на кожа на волан и шалтер, екран на допир со послаба резолуција и  контраст, рачката на шалтерот е прелесна и има погруб од, многу малку меки пластики, отсуство на изолација под хауба, отсуство на амортизер за хауба, неизолиран гепек, штофот на седишта е типичен шкода ист како во 10 години стара фабија и има малку најлонски филинг на допир, полош квалитет на материјалот во гепек, звук при отварање затварање врата, звучна изолација при што е многу очигледна возејќи поголеми брзини, XDS нема кај октавија, електронска рачна нема кај октавија, 

Би било интересно од по-искусните да кажат како е воланот во директна споредба голф/октавија/леон? Дали има разлика и кој е по-директен? @zeroSignal ?

Муабетот со гепекот на голфот важи и за астра, и30, меган, 308, ц4, фокус, мазда 3, цивик итн.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #67 на: 09 Октомври 2017, 10:25:52 am »

Морам да коригирам бидејќи 308 има сериозно салам гепек од 470 литри кој веќе влага во домените на седани. И тоа испод тој гепек има резервно тркало - значи не е на сметка на тркалото. Искрено мене стварно ми прави мерак гепекот на 308. Кај Цивик исто така е многу солиден гепекот, сличен со 308 со тоа што во таа димензија го рачунаат и просторот кај резервнототo тркало.
308 со 470 литри плус тркало:

Civic 470 ама немаш тркало. Сосе дупката е 470.

Другите се минијатура, а фокус има помал гепек од Ибицата која беше на тест пред некоја недела. :(

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #68 на: 09 Октомври 2017, 10:32:04 am »
Колку е кaj цивик без дупката?

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #69 на: 09 Октомври 2017, 10:35:41 am »
Само рачнај ова е стариот цивик. Новиов има 414 без дупката, или 450-470 сосе дупката.
Карбаер за новиов вика:
Цитат
The latest Honda Civic’s boot is big and clever. Most models have 420 litres of storage, which is already more than the Golf, Astra and Focus, but choosing the EX or Prestige models gives you a removable boot floor to increase capacity by 58 litres.
http://www.carbuyer.co.uk/reviews/honda/civic/hatchback/practicality

Стариот има 478 со дупката, a околу 400-405 литри без дупката.

Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 983
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #70 на: 09 Октомври 2017, 10:53:49 am »
До сите погоре што се пронајдоа во мојот пост.

Има голем гепек ама формата му е ''седанска'' и во тој гепек не можам да ставам машина за перење, фотеља и други волуминозни предмети. Тоа сум го правел неколку пати во хеч со 350 литри гепек и спуштени седишта.
Дека кај нас ја купувале млади луѓе, држи тоа вода до некаде, ама пак ние сме мал и сиромашен пазар каде секој сака да вози ''лимузина'' или ''џип'' за малку пари па октавијата доаѓа како кец на десетка. Заради тоа и се продават многу коли од типот на линеа, елантра, 301,октавија...
Не велам дека октавијата епомалку квалитетна, туку апла се гледа на секој ќош во колата каде пробале да заштедат инженерите во шкода. За поевтина цена, би заборавил на тие работи ама дизајнот ми е ептен одбивен. На ништо не личи.

Зини да ти кажу.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #71 на: 09 Октомври 2017, 11:01:28 am »
Зошто никој не ја коментира цената?

Цена на тестираниот модел: Volkswagen Golf VII 1.6 TDI 115 Trendline – 21.145 Евра

20.000 eвра пари ли се...

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #72 на: 09 Октомври 2017, 11:07:20 am »
21 и кусур илјади за кола со раткапни, у 21ви век... Ако можам добро да видам/прочитам, нема ни темпомат.
Порано со фејслифтовите, барем ги оружнуваа постоечките модели, ама имаа (некаква) поента. Овде како да не се ни потрудиле уопште, само туриле „фејслифт“ у името.

Што би рекле Србите - „Помози Боже!“
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 552
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #73 на: 09 Октомври 2017, 11:28:27 am »
Да се согласувам. Раткапни на кола над 15000 евра не треба ни да се помисли. Коли од типот на голф,октавија и поголеми без темпомат не треба ни да се погледнат.
Но ако се вратиме 2-3 години назад и кога ќе се сетам дека кај нас се продаваа нови коли без клима уреди мани и не треба да наоѓаме.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #74 на: 09 Октомври 2017, 11:37:41 am »
ако се вратиш и 10 години и АБС и ЕСП немаше...а ако се вратиш уште повеќе ни серво немаше

така да незначи ако немало па сега ај што даваат добро е иако еден тон пари.

проверете си колку треба да работиме за да го купиш голфот