Ај мала приказна за процесот на купување на половно возило, и пошто два плацови ќе бидат спомнати и едно физичко лице, најдобро е тука да стои.
Кој ќе го прочита ова цело не знам шо да речам, дали е будала или алал за нервите и времето потрошено.

Се продаде стариот Меган за нова година, и решен бев од поодамна за понов Меган хечбек, дизел, со електронска рачна која влегуваше само во двете највисоки нивоа на опрема, Intense и Bose. И други работи повлекуваа шо ми се допаѓаа и сакав, ама да бидам краток ќе ги изоставиме тие работи.
Во Македонија имаше само 3 во тој момент а и од порано пошто месеци наназад пратев шо излегува, шо се продава.
Одам Олимобил Велес да ја видам едната сребрена со се шо сакам, ама сребрена е, а не сакав таква боја, ама ај по пат за Скопје беше и имаше уште една таму на плац со средно-основно ниво на опрема,
па да направам дирекна споредба онака зошто на слики ми се допаѓа поопремената верзија. Па за 5мин шо видов, внатре беше здрава, здрави седишта, чиста, забелешка шо најдов беше скината кожа
на менувачот, и надворешно беше ок, ваму таму гибната, ништо страшно ама не ни сјајно, и бандашите сите скоро измавани. 2018-та од Франција со 190к км, за 10900€. Си видов како во маркет, без никакви убедувања, и си заминав.
Одам Скопје, втората беше
бела во Чаир која уште се продава под 10к, со 250к км, и пошто има скоро се од опрема претпоставувам има и бела перла боја,
па на сликите некако ми делат браниците, можеби така ми се причинува, ама не појдов да ја видам пошто за тие пари кој е ќарот освен ако не е маната помалку или повеќе.
За мене тие пари шо ќе ги дадам беа многу за маната кола и за кола со 250к км, па ја одминав.
Продолжувам Радишани кај еден чоек кој ја продава колата од 2024-та и случајно лето господово 2024-та кога прв пат отворив во реклама5 да видам шо се продава ми падна вочи,
~12500€ црвен Меган, топ.
Вртиме 2026-та Јануари човекот уште ја продава по иста цена дури и ја покаче на 13к, па уште од поодамна си велам оваа кола ја земам или не знам шо ќе се прај оти нема други, стакло на слики плус сакав кола во боја.
Цената мора да е оправдана си велам, здрава кола ефтина нема. Епа одење кај него цел среќен, мавање еден шок, образите на колена ми паднаа. Покривот и хаубата розеви, обледени од сонцето ама лакот здрав.
Испадна мана има оваа боја од рено и бледеј под лакот од сонцето и изгледа како 20годишна. Отвора братот вратата возачка, откорната рачката од вратата/ скршена каде шо се штрафи за металот, на тапацир се држи едниот крај.
Внатре беше нечисто ама барем здраво другото, хаубата со флеки од боја оти татко му кај шо ја мачкал оградата му прснало а колата до ограда стоела. Свртив еден круг колку да видам ај барем за возење да е арна и ок беше.
Не можам да го откачам човекот, дојдов за 5мин да не му губам време тој приказни ми продава, ја презентира сервиси му направил, лед сијалички му ставил во магленките, а тоа шо две години не можиш ко чоек да ја затвориш вратата тоа не го гибнал.
Ја купил од ПроАвто маркет од норвешка увезена во Мај 2024-та и ја продава по 2 месеци, факт кој не му го спомнав ниту го прашав, си преќутив. Бонус беа 2 сета бандаши со гуми шо имаше, ама џабе, ми падна филмот.
Одам дома, и одам во Рено Битола, ја проверуваме по број на шасија сребрената во Велес и црвената, па ете како има есап плацот да ја продава по цена шо нема шанса да ја увезиш од Франција и ќар да направиш,
290к км последно во официјален 6 месеци пред да стигни Македонија колата. Црвената 99к 2020та мислам и со 150к км во мк донесена, шо е за верување плус минус. Сребрената по месец инаку се продаде.

Сега чекам да излези Февруари нешто, оти Март Германија одиме и тоа е тоа.
Излегува, во Авто Милано 2020-та 150к км, фејслифт црна, 12650€. Штоф седишта шо ги неќев, вон буџет плус и не сакав фејслифт, ама ај да ја видам и одам пак за црвената да ја видам со пониски очекувања и си прам филм ќе ја фарбам ако треба.
Епа во АвтоМилано колата беше стакло, почиста кола не сум видел ни нова, алал да му е на тој шо ја средуваше, сегде здраво, и црното црно (најверојатно мачкано), колата треба да се продај или шо.
Зимски гуми, алу бандаши, правам есапот, 13500 со сите сервиси и летово на зимски ќе треба да ја терам. Далеку вон буџет, ама најголем проблем беше цената. Пратев во меѓувреме и Германија и Франција,
па едноставно таа година и со таа километража тешко е таму да најдиш за таа цена, не пак да ја увезиш во мк, плус кај е ќарот? Едноставно невозможно освен со поврат на данок и плус да имаше некој удар па да се среди кај нас за поефтино.
Продолжувам со автобус пак Радишани, па дури го чекам братот од дома да излези, нови фалинки наоѓам, хаубата од камчиња измавана далеку повеќе од мојата што ја продадов, овие па и рѓосани сите дупчиња,
фалат 3-те калници пластични на задно десно тркало, гледам огласот уште од тогаш е така, од норвешка дури, не знам дали да се смеам или плачам, плус фатен прагот кај совозач вдлабнат некој цм грубо.
Цена сакав да му нудам под 12к, ама пак не ми даваше душата за состојбата и кога го прашав колку ќе оди најдолу кога рече 12.200, а 12к ќе било навреда, веќе знаев каде да ја чекам 57-ца за вцентар.
Со тие зборови ме спасе братот да донесам кола во двор со скисната фаца и сум благодарен, а тоа што тој нема шанси да му земи 11к тоа тој си знае.
Во Авто Милано се продаде за 1 недела колата, топ изгледаше, имаше можност за пробно возење, никој ништо не ме убедуваше, си гледав си прашував тоа шо ме интересираше, па кој ја зеде дај боже да му се погоди.
И така, дојде Март и кинсавме Германија и си дојдов среќен со тоа шо си дојдов.
