Ас Ауто - Крива Паланка
Во саботата се јавувам да прашам што како за еден голф што имаа објавено, ми вика се топ, прва фарба, не е ударано, 100% реални километри нотарска гаранција на дигитална табла не можело да се враќат, 1 година гаранција за исправност на возило бла бла бла бла... и му викам утре (недела) може ли да дојдам да го видам, вика може.
Недела сабајле, јас спремен со пари, му се јавувам и му викам може ли да ми пуштеш VIN број на вибер (за да го проверам на carVertical), вика ок. Чекам.. 15мин, 30мин, саат време веќе и му се јавувам.. друже чекам те за број на шасија да ми пуштеш.. „Абе го продадов сега бе брат, голф е тоа, т'к, т'к одат тие“. Ок, првично поверував пошто ги следам на фб и имам повеќе пати видено огласи од нив од типот „Продадено после 1 час од објава“.
Попладнето пуштаат 2-3 сториња за продадени коли, голфот го нема таму. Му викам на татко ми, ај јави се од твојот број и прашај за колата. Се јавува.. колата стои
Е сеа, колата увезена од Италија, со гаранција за километри, за исправност, к*р се тресе у ладна вода.. зошто не дава VIN?