Spored ova:
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/1170
Iskaca deka site sto ziveeme nadvor a vo isto vreme sme rezidenti vo MK ke treba da prijavuvame se sto zarabotuvame....
Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk
Пишува дека е за даночни резиденти на Македонија. Ако живееш надвор со пријавено место на живеење надвор од Мк и си подолго од 183 дена таму стануваш даночен резидент на таа држава, не на Мк.
Тука е заебот. Не може и да живееш надвор и да си резидент на Македонија.
Ама никој не го пријавува тоа. Во Македонијава не се пријавува преселување од еден град во друг, не па иселување од државата. И после се чудат зошто државата сака да ги оданочи. Колку што државата знае, ти си бил резидент. И твоја обврска е да пријавиш дека не си бил, на време.
Муабетот е дека секој кој иде на работа во странство, МОРА да пријави во МВР дека ке биде отсутен на период подолг од 3 месеци. Јас работев 4 години надвор од Македонија, никогаш не слушнав дека има потреба за такво нешто, што само по себе, не ме амнестира од самата процедура.
Законот за персонален данок што сега се применува е од 1-ви Јануари, 2018-та, и таму вели дека ако си подолго од 183 дена надвор од државата, не мора да плаќаш персонален данок од 10% во Македонија. На државата лесно можеш да и докажеш дека си бил надвор, печат во пасош е доказ за истото. Милион мои колеги што работеа во Ирак и Авганистан во тој период од 2018-та до 2020-та, никогаш не платија данок кај нас, ниту пак пријавуваа дека ке работат надвор. Ова беше случајот и од 2004-та до 2020-та. Над 15000 Кумановци беа во Ирак и Авганистан, еден немаше на собирот што пријавил во МВР дека ке биде надвор.
Сегашното појмање на законот е дека секој Македонец, без разлика каде е, колку време е, и дали парите ги има примено во Македонија, или на сметка во Србија, Бугарија итн, должен е да плати персонален данок од 10% некаде. Ако имаш работено во Германија, и таму персоналниот данок е 15%, и нашиве разберат дека ти има стигнато девизен прилив, ке ти бараат потврда дека го имаш платено истиот во Германија и си слободен кај нас. Доколку во Германија данокот е 5%, ке ја платиш разликата од 5% кај нас.
Сега им бараат на сите Македонци кои имале било каков прилив, било кај нас, било во некоја од околните земји, од летото 2020-та до сега, да си платат данок од 10% во наредните 2 недели. Еден од начините е да добиеш потврда дека имаш платено данок, како не би те даночеле двојно. Но, има толку проблеми со целава постапка, прво од различната примена на законот, до краткиот период за плаќање на данокот, до неможноста да ги добиеш тие документи баш за време на празниците, до идење 5 години наназад. Ти праќаат пресметка колку треба да платиш, која веднаш е прифатена во ЕППД. Значи, ти останува само да искешираш. Дури и да се жалиш, тоа не го одложува рокот за плаќање.
УЈП веќе испратиле дописи до Србија, Косово, Бугарија, Дубаи и Грција, за да добијат увид во сите сметки на Македонци кои имаат сметки кај нив, и имале приливи. Сите одоговориле потврдно, освен Грција.
Значи, чешлање до кожа.
Си видел некој да протестира ? Не, значи убо ви е, епа нека ве дупат. Јас дури бев таму, одев на секој протест за кој што сметав дека е оправдан, па и за името, ама за жал излегуваа само 50тина луѓе, другите типичен македонец, тастарура мен.
Веќе имаше протест, ке има уште.