Како е можно 25 илјади луѓе со години (15–20 години) да работат во странство, редовно да примаат плата, без никогаш да им се побара данок, и сега – кога веќе немаат работа или се вратиле – одеднаш да им се бара данок за тие пари, и тоа ретроактивно, за последни 5 години?
Дали некој навистина мисли дека ова е случајно?
Додека луѓето работеа надвор и ги внесуваа парите во Македонија, купуваа станови, градеа куќи, трошеа, јадеа, пиеја, инвестираа – сите молчеа. Државата се радуваше.
Сега, кога приливот на пари од странство пресуши – удри по печалбарите.
Ова не е даночна политика.
Ова е кражба.
За ова ќе се одговара – ако не пред овие судови, тогаш пред меѓународни институции. Ќе бидат информирани Американската, Британската, Германската Швајцарската Аустралиска амбасада сите каде има наш народ, за да видат што прави една држава со сопствените граѓани.
И не, ова не е партиско прашање – одговорност имаат сите, и веероиди и комуњари и секој што удира по печалбарите.
Пример:
Мојот татко уште во 80-тите години работел во странство преку југословенски фирми. Никогаш, никаде, не му бил побаран данок во Македонија. Напротив – државата тогаш јавно зборуваше дека е добро луѓето да работат надвор, затоа што парите ќе ги вложат дома ние сме гастрабјтерско поднебје.
Ова што се прави денес е преседан на пропадната држава која нема пари и се обидува да ги земе од чесни луѓе.
Ако не се сплотиме сега и не застанеме заедно против ова зло, утре истото ќе им се случи на вас, на вашите деца, на сите.
Резултатот?
Нема повеќе евро, франк или долар да влезе во Македонија од печалбарите.
Сметките ќе се отвараат во Кипар, Албанија, Косово, Србија – секаде, само не тука.
Луѓето ќе плаќаат даноци таму каде што живеат – не 10% „за џабе“ во држава во која не живеат и од која ништо не добиваат.
Ова нема нигде во нормален свет.
Ти си платил данок бидејки си живеел и работел од тука од Македонија , јас друже со години не сум стапнал во Македонија ниту сум седел ниту живеел ниту работел никаква допирна точка со Македонија и сега ми барат данок од Европска земја, тоа што сум имал сметка во Македонија и плата земал, а сум можел и таму да си отворам сметка тоа бил мој избор имам сметка и во Србија никакви вакви глупости нема како кај Нас ниту ми побарале данок ниту ништо само за одржување на сметка сум платил и тоа е тоа.Ова е чиста кражба срам и арам денот го проколнувам кога девизна сметка сум отворил во овој северистан па ајде да сум работел туак и живеел па да не ми е криво.Само што плата тука сум зимал треба да платам данок кој е прав кој крив? каде ова има во светот ни у Јужен Судан ова нема.Него да поминат празници ке предат по амбасади како мачиња живи били па видели ке видите.
Ne svakjam, si rabotel vo evropska zemja si zimal plata vo mk. Kako, vo frima od EU? Danok kaj e plakjan na tie pari?
Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk
Другар, ќе се обидам јасно да објаснам.
Во светот работите функционираат нормално. Постојат светски компании и глобални корпорации – ова не е Македонија од типот Железара, Треска или ЧИК Куманово, каде што имаш 3–5 илјади вработени, те осигуруваат на 4 часа, не ти плаќаат ништо реално и после 40 години стаж добиваш пензија од 200 евра.
Јас не сум крив што сум работел под законите на ЕУ. Компанија од ЕУ ме вработува и во договорот јасно стои: место на потекло, услови за работа, бенефиции, осигурување и сè останато. Ако ти одговара – потпишуваш договор. Такви компании има илјадници низ светот.
Многу е поефтино глобална компанија да ти направи регрутација, лекарски прегледи и документација во европска земја, отколку азиска компанија да ти плаќа пат до Сингапур или во матичниот headquarters пример ако е од таму. Тие имаат канцеларии и операции во повеќе држави.
Постојат договори според кои можеш да работиш со еден документ што важи во 8 земји. Јас лично сум работел така, последно со Естонија. Компанијата си плаќа даноци, придонеси, плата – сè по закон. Работникот нема никаква обврска околу тоа.
И сега апсурдот: во „проклет Северистан“ ти имаш девизна сметка, адреса и место на потекло, и ретроактивно – на празници, кога целиот свет работи во различни временски зони – ти стига барање да платиш данок на плата што си ја заработил надвор од државата пред 5 години . А во ниту еден момент не си бил во Македонија, не си работел тука, ниту си направил приход тука а поминале 5 години што од мене бараш види од каде се пари контактирај ги нив од каде се парите.Како доказ ако во рок од 3 дена не доставиш од каде се пари девизи во банка ги враќат на налагодавачот ? и кој крив тука дали човекот или држава си измислува закони како нејзе и одговора па удри.
Доставуваш документи, договори, докази – и тие ти велат: „ова не е така“. Не ги интересира што ги кршат законите, по секоја цена сакаат пари и и дава извршен рок за уплата,чекај да видиме дали подлежам на данок или си видил странска банка и прелив и удри ? таа плата е веќе оданочена од фирма што ја пушта зар двапати ке се оданочува само заради тоа што јас имам сметка во мкд , во ред нема да имам ако е така ова е рекет значи ако сакаш сметка во МКД да имаш ке плаќаш рекет 10 посто од вкупно бруто за 12 месеци колку ке заработиш па кај го има ова?

Да бидам јасен: никој не вели дека не треба да се плаќа данок. Напротив. Но постои јасен начин кога и како човек подлежи на оданочување. Ако подлежам – ќе платам. Ако не – нема што да платам.
Со оваа политика државата им прави штета на луѓето, но и на самата себе. Не е само работа – тука се и хуманитарни трансфери, пари за семејство, за настани, концерти. Доаѓаме до апсурд: сè што доаѓа од странска банка автоматски се гледа како предмет за оданочување. Има случаи и со починати лица – кого оданочуваш, мртов човек?
Јас сум повратник во Македонија. Живеам тука, јадам, пијам, трошам тука. Немам никакви бенефити од државата, а сум купил и вложил во недвижности. Еднаш си заминав, ова второ заминување ќе биде последно – ќе ги продадам ѕидовите и крај. Кој не се родил, нема да умре; ние умираме секој ден по малку.
Општеството не се гради со уништување на сопствениот народ. Поголем душман на Македонија од македонските политичари – немало и нема да има.
СОВЕТ ДО СИТЕ (вон тема, ама важно):
Не купувајте станови во градба. Повластениот ДДВ од 5% важи до декември 2028. Молете Бога да земете имотен лист. После тоа ќе биде уште полошо, исто како со овие даноци. Ако купувате сега во градба, ризикувате да плаќате огромни разлики. Размислете навреме.