Сами се демантираат со сопствените глупости. Директорката на УЈП вели дека законот не се применувал досега. Добро – кој треба да одговара зошто не се применувал до сега? И како тоа баш сега почнува да се применува ако важел?
Кој ќе сноси одговорност за сите пропусти низ годините?
Кој од нив ќе одговара, и колку ќе одговара?
Овде очигледно не се работи за правда, туку за обид да се извадат што повеќе пари од луѓето. Замислете – 21 век, луѓе работат чесно, со договори, преку банки, вработени се низ целиот свет. Сите тие пари легално се донесени во Македонија, и сега одеднаш на државата ѝ текнува да ги оданочува.
А во исто време, на 50 метри од ујп зградава работат градежници без осигурување, без договор, без никаков платен данок и вечер зимат пари на рака – и никој ништо.
Па што мислат тие? Дека ние, луѓето низ светот, работиме „на рака“?
И сега токму нас нè најдоа – луѓето што се снашле, чесно заработиле и донеле пари во Македонија – да нè рекетираат?
Каде го има ова?
Го има само во неспособна, хаотична и неодговорна власт, која не знае ништо друго освен да рекетира.
Законите ги толкуваат партиски кадри од штабови. А тие закони, наводно, ги пишувале доктори на науки, професори и правници – па нека важат еднакво за сите, а не селективно врз народот.
Не може народот да ги покрива нивните пропусти.
Ова не е прашање за поединци – ова е прашање за сите луѓе ширум светот. Ова е рекет врз печалбарите.
Во УЈП има вработени по партиска линија кои не знаат основни работи, а поставени се на позиции од каде си дозволуваат да толкуваат и применуваат закони. Тоа е срам.
Срам и арам да ви е.
Ова се однесува на сите печалбари ширум светот – нашите роднини, семејства, пријатели – кои со години чесно работат и испраќаат пари во Македонија од Европа, Америка, Азија и Блискиот Исток.
Ова не смее да помине.
Потребен е масовен протест и јасен став: ова не се плаќа, затоа што е неправедно, селективно и незаконско во суштина.