Автор Тема: Alfa Romeo 147 1.9 JTDm 120 KC  (Прочитано 15171 пати)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTDm 120 KC
« Одговори #45 на: 01 Декември 2017, 16:43:16 pm »
Извинете што ви се мешам во штипки.

Репарација на дизни се врши со готови компоненти/комплети произведени од Бош точно за таа намера. Реално, од старата дизна останува само корпусот, сите подвижни делови + гумици и дихтунзи доаѓаат со комплетчето за репарација. Реално, самиот инјектор е еден електромагнет кој пушта и подига иглица која ги затвора/отвара дупките на врвот на инјекторот за да тече нафта под висок притисок. Големи се шансите и твоите нови инјектори да се репарирани или од Бош, или од некој сертифициран мајстор за тоа.

Кај поновите електро-пиезо инјектори не постои таа опција заради самата природа на актуаторот  кој ја контролира железната игла за вбризгување на смеса, па мора да се менува цел инјектор.

Фала на внимание.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTDm 120 KC
« Одговори #46 на: 01 Декември 2017, 18:47:29 pm »
Овие дизни може да се репарираат во овластен бош сервис, но тогаш треба да се калибрираат и добиваат и нов код кој треба да се внесе во автомобилскиот компјутер. Не ќе да е „брцни прачка, пиј вино“. Не знам кај нас овластениве бош сервиси дали се толку „инволвд“ во процедурата, се надевам дека се, пошто за 500 +е треба да добијам дизни „ко нови од фабрика“.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTDm 120 KC
« Одговори #47 на: 01 Декември 2017, 19:15:27 pm »
А, рајбОвање ?! ;D

Отсутен Chaki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 203
  • 6N2 ТDI
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTDm 120 KC
« Одговори #48 на: 02 Декември 2017, 15:11:01 pm »
Imam rastureno 147 ca ako ti treba neshto ...imam kozni sedista ako sakas 078 767 992

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTDm 120 KC
« Одговори #49 на: 02 Декември 2017, 16:25:05 pm »
Кога ми пишувате “Абе јас ене мојата до сеа 300 евра дадов толку време ја имам” тешко на колата со вас.

Значи не ме јеби. 300 000 начелни километри си дал толку малку пари. 101% сум сигурен дека колата не ти е потполно исправна ниту безбедна.

Не знам јас можда така размислувам ама кај мене во кола не смее нешто да е неисправно. Секогаш сакам колата да ми е 100% исправна и секогаш ги санирам дефектите. Кога викам јас дека кога тогаш 1500-2000 евра се даваат на кола да биде исправна, овде будала ме правеа. Кога ќе им ги видиш колите на истите сфаќаш зошто те праат будала оти возат апсолутни кршови кои не заслужуваат да бидат на улица.

Не ви ја сфаќам потребата да ги вреѓате луѓето кои сакаат да си имаат потполно исправно возило.

Немале пари да купат скрос нова кола, ама имаат доболно старата да ја направат потполно исправна.

Ако сте попаметни купете нова кола и не туку јадете кадаиф.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTDm 120 KC
« Одговори #50 на: 02 Декември 2017, 16:36:00 pm »
Ако важеше тоа за мене дојди кога сакаш ќе дам кафе ќе провериш дали е безбедна и исправна... Освен гумица на балансштангла друго нема што.. Секоја втора ден е надвор од градов, сигурно ијас не сум до толку да патувам со неисправна кола...

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTDm 120 KC
« Одговори #51 на: 02 Декември 2017, 19:52:29 pm »
Бузуки, сигурен сум дека ако го однесеш BMW-то на саглам мајстор (ама саглам инспекција, нешто као британската MOT процедура рецимо) ќе најде еден куп ситни-и-не-толку-ситни дефекти што треба да се решат.

Тоа што колата вози (според тебе) добро, не значи дека е 100% добра. Особено не кола што е стара 20-тина години, со непознат број на сопственици, непознат број на поминати километри и - реално - непозната историја.

Ништо лично против тебе. Само кажувам мое мислење.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTDm 120 KC
« Одговори #52 на: 03 Декември 2017, 17:43:25 pm »
Нормално дека не е 100% сигурна/добра, никаде тоа не го спомнав.. Луѓе нова од фабрика кола ќе земат па ќе има некоја фалинка за брзо време.. (пример неповрзан со механика) комшија купи ново фиат типо па задниот браник му дели од останатата каросерија.. Дали е префарбуван или нешто незнам..

Правам муабет сигурна е до степен да не се мислиш каде и кога ќе те остави на пат.. Сега сум сигурен што се вика да тргнам на пат до германија...

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTDm 120 KC
« Одговори #53 на: 03 Декември 2017, 17:53:48 pm »
ни тоа не е мерило дека нема да те остави на пат,колку пати сум видел нови коли по некој месец стари па качени на шлеп!зависи како ке ти се погоди
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTDm 120 KC
« Одговори #54 на: 03 Декември 2017, 17:58:44 pm »
Е јебига сега све се дешава ако му ја мислиме до толку подобро ич да не тргнуваме..

Едно црево да се скини, пумпа да затаи, конектор да се откачи.. доволно е да окапиш по патиштава..  Нормално на нова кола помала веројатност има да се деси нешто несакано, ама што му знаеш...

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTDm 120 KC
« Одговори #55 на: 03 Декември 2017, 18:24:43 pm »
Врти сучи, пак се сведува на она "мирна совест".  Твое е нешто што нечини да се поправи, па и да рикне повторно,  да не се јадеш до толку. Уствари пак ќе се јадеш, ќе си речеш сега го сменив :D