Мене не ми е јасно некои членови што сакаат да докажат кога ја објаснив ситуацијата.
Прво и едно да кажам не признавам никакви репарации кај специфични делови кај кола посебно ако не вршат некоја од есенцијалните функции. Ова се однесува за дизните. Како и да е јас ги сменив поради грешка на два сервиса кои нема да ги именувам. Како и да е штетата се случи, јас купив нови директно од Германија бидејќи тој период бев таму преку мојата работа. Ги зедов оригинал Бош со две години гаранција. За да купиш треба да го кажеш точниот Парт број од твоите стари дизни и по нив нарачуваат нови. Цената им беше околу 1200 евра со тоа што доколку им ги дадеш твоите стари дизни ќе ти отплатат по 50 евра од секое парче.
Повторувам дека моите стари дизни не беа расипани, но доколку биле не признавам да се репарираат, туку само ново. Или ќе биде како што треба или нема да возам. Сакам кога ќе седнам во кола да знам дека се е како што треба и не сакам да правам додавки придавки туку се да е како што треба, ако немам во моментот ќе почекам и ќе го направам тоа што го сакам.
Знам луѓе што возат од премиум марките, но од тие марки имаат многу малку бидејќи баш ради тоа што се е поправано фушерај и одат по филозофијата додека тера тера само да се мине поевтино, но кога ќе пресметаш на крајот дадол дупло плус нервозите што ги минал по сервисите. Значи одам вадам старо (доколу е расипано) и ставам ново и готово. А тоа дали сум во ќар или загуба јас си знам.
Инаку репарацијата во Скопје стриктно за мојте дизни кошташе 500 евра вкупно. Дали враќаат пари при неуспешна репарација не знам, но како и да е верувам дека таму може да кажат дека според нив е успешна и ништо да не ти вратат, па ти чукај си главата. Јас знам само и мал изменет параметар на колата, посебно кај дизни и слични делови може многу голема промена да направи кај возилото, од тоа што треба да биде, а јас сакам возилото да ми се однесува како што треба.
Како и да е сега знам дека доколку вистински не се утврди проблем кај кола да не се менува ниту еден дел, за да не испадне како мојот случај
Како и да е да не беа грешките на сервисите немаше да дадам џабе пари за дизните туку само ќе сум дал пари за она што беше потрошното, што верувам дека секој го прави кога ќе купи половна кола.