Јас не би ризикувал покривање ербег со било што, па ни со навлака. Ербеговите се прецизно таргетирани, и треба да се отворат (и да се издишат) во делови од секунда. Едноставно, не би го прифатил ризиок да покријам ербег, па колку сакаат нека викаат тие што ги прават навлаките дека „нема да смета.“
Од каде знаат они? Тестирале на сите автомобили за кои што прават навлаки, со сите комбинации од материјали кои ги нудат? Ајде сега, да не си пуштаме филмови. Од кај да знам дали ербегот ќе ја скине навлаката и ќе пробие низ неа, или ќе ја повлече целата навлака со него? Или дека навлаката нема да ја смени насоката на движењето на ербегот? Се согласувам, шансите за тоа најверојатно се минорни, ама ете, мене не ми се ризикува.
Плус, не сакам навлаки. Не сум платил за убави, профилирани и фабрички зашиени седишта за да ги покријам со навлака. Навлаки ми се оправдливи ако се искинати/оштетени седиштата, па ајде, да се покрие, да не се гледа. Иначе? Ноу, тенкс.