Да ја преставам новата кола, изборот беше тежок ама сепак полн погодок спрема мене.
Модел 2012 година, 1.7crdi мотор со 115 кс, доста бучен на високи обртаи ама сепак економичен. Од опрема се и сешто има, да некажам фул, се освен кожа, двозонска клима, сензори за дожд, светло, ретровизори, паркинг сензори, дневни лед светла, xenon, и така натаму. Сега за сега презадоволен и со потрошувачка и со управливоста, мала замерка на малку покруто возење ама ќе се навикнеме. Инаку колата има 43.000 км, сеуште под гаранција. За почеток 2-3 слики, после убаво глинирање и восоцирање ќе има уште слики.