Денес променет лев зглоб, стариот почна да тропа, кај матичниот Митревски.
Хомокинетички зглоб+манжетна 3000мкд.
Има некои буфери на стабилизатори кои матат вода, има мало тропкање и истото ќе гледам да го средам у брзо време.
Ми го пофалија Мите-трејд за репарирање буфери, наслушнав дека имал и некоја смеса што ја правел слична на полиуретанот, од искуство на познаник бил презадоволен. Се мислам на таков чекор, да репарирам се што може и да видам како ќе тера, пошто вака седој месец идам за проверка на предница, и тоа со стандард димензија на бандаж-гума, може да замислам на пролет кога ќе ставам 17ка...
Звучките сеуште не сум ги монтирал ради ладново, најверојатно ќе ја дочекаат мултимедијата и заедно ќе бидат инсталирани.
То је то за сад.