Знам дека можеби темава е за прашања и одговори но еве сакам да си кажам тоа што ми лежи на душа.
Значи имам возило Daewoo Nubira 1.6 16V (дечките од Плимонт ме знаат
) и ставив Landi Renzo Omegas плински уред на 31.08.2011 година значи со директно вбризгување не онај со т.н плочка со кој губите многу моќност и доста зголемена потрошувачка.
Јас плинот го местев во Битола „Кај Менде“
и искрено неможам да се пожалам на неговиот добар пријателски и професионален однос спрема колата и сето она што го добивам како услуга и оддржување.
Вчера ми инсталираа нов софтвер на плинот со кој што при загреан мотор, по повторно палење, директно префрлува на плин место претходното чекање пак да префрлува на плин и трошење на бензин.
Направив детална пресметка и некаде есапот дојде вака
6000км сум потрошил 461 литри плин (90% ми е отворена вожња со брзини од 100-120, ни повеќе ни помалку, најчесто сум на 110).
Тоа во просек доаѓа 7,68л плин на 100км. Дестинациите ми се Битола - Скопје (90%), имам нешто Битола - Охрид и Битола-Скопје-Струмица-Битола.
Плин полнам од Макпетрол, кај мене најдобро „легна“ и НасГас во Скопје (Стаклара).
За бензин овие месеци и битолските -27*C сум потрошил 3000 денари точно (значи од 31.08 до 01.02). Тоа е бензин за загревање.
Со ставањето на плинот сменав:
Масло Total Quartz 9000 (5l = 2000денари)
Сите филтри (околу 500-600 денари)
Свеќици NGK - 1200 денари
Кабли (подарок од Менде
бидејќи претходните беа чорба и беа оригинални од кога беше купена колата...јбг татко ми ја возел претходно и не се замарал со тоа, јас малку поголема педантерија сум).
Гуми предни зимски (возам цело време со нив, знам дека е фак ап али то е) задни летни секогаш проверувани за добар притисок (на две недели ги проверувам).
Значи искрено ви кажувам сум презадоволен од овој систем и топло го препорачувам. Money well spent ако има потреба за возење, а кој нема
И пофални зборови до Плимонтци...