И јас кога ги гледав колите ги гледав истите модели како што си ги гледал и ти.
Штом си се одлучил за ХЕЧ, и конкретно двата модели, ајде збор два кој беа моите видувања.
1. Пежото.
Пежото по мене од сите хечови кои ги видов ми изгледаше најквалитетно направено. Материјали, удобност на седење, затварање на вратите, изглед на инструментите, како концепт одлично возило.
Она што ме одврати од негово купување беше никаквиот простор назад, односно кога ми е наместено седиштето за да возам, позади освен 8 годишно дете не може да седне човек.
Следна негативна работа беше тоа што кога ке го подесам воланот не ги гледам инструментите, односно воланот ми ги покрива. Незнам кој им бил планот на дизајнерите, но мене ми стави само еден Х со кој го отфрлив како потенцијално возило за понатамошна одлука.
Инаку не гледав основен мотор, него класика со 4 цилиндри. Трицилиндричен мотор мене искрено ме нервира со неговата работа.
Претходно возев пежо 306 кое имаше повеќе простор за седење, инструментите се гледаа без проблем, па чисто за споредба.
2. Голф.
Ако планираш голфот да го продаваш после некое време, дефинитивно се исплати. Мене не ми се допаѓаше дел од решенијата кои ги имаат и изработката за моделот кој го нудеа. Ентериерот ми е дежаву, ист со мали измени како претходните модели и нешто многу не ме фрапира, но тоа е вкус, а за вкусови не се дискутира. Претпоставувам тоа е онаа најефтината варијанта која се продава.
Личен вкус, но искрено и него го рипнав.
Други возила кои ги гледав во тој сегмент беа: Цитроен Ц4, кој навистина позитивно ме изненади, поефтин е од Пежо а возат исти мотори, нуди поголем конфор на задните седишта, поголем багажен простор, а во поглед на изработка во споредба со Пежото е за нијанса послаб.
Рено Меган стариот модел, но е стар модел. За да ти се допаѓа меганот треба да имаш малку поразличен вкус. Убав е не е лош, можеш да најдеш за 15 со доста опрема, набилдан, заради тоа што излезе новиот, нели.
Хјундаи како опција мене ми беше последна, но на крајот испадна прва.
Имено гледав и30, одличен хеч, модерен изглед, различен од класичниот и досаден кај голф или опел, за на крајот да земам Елантра заради намалувањето на првичната цена и опремата која ја добив, и нормално заради изгледот кој од сите највеќе ми се допадна.
Опел го отфрли но и него ке го спомнам. Не е лош, стегнат но многу бучен на автопат. Звучната изолација како да ја имаа заборавено. Стабилен но тврд. Место за седење на граница на прифатливост. Цената беше малку повисока за основен модел него што навистина вреди еден стар модел.
Киа Сид, одлично ауто, добиваш релативно доста за парите. Одличен дизајн.
едит:
Не заборавај да ја погледнеш и гаранцијата која ти ја нудат за возилото!
Европските возила имаат година, две, три, тојота има 5, Хјундаи има 5, Киа има 7.
Со среќа во изборот.
И гледај изборот на возило тебе да те направи хепи, а не тие околу тебе.
Они нема да ја возат колата, ти ке ја возиш