Еве конечно да се пофалам за најновата принова.
Opel Zafira B 1.9CDTI од јуни 2006 година.
7 седишта
Full опрема.
Моментално правам детален сервис. Ги менувам сите потрошни материјали што можат да направат проблем и она што се нарекува редовен сервис.
Имаше мало тропкање на замаецот, па се решив да го сменам целиот сет. Купив LUK комплет DMF, корпа, ламела, друк лагер.
Купени се сите сервисни промени (каиши, затегачи, масло GM 5W30 Dexos 2, сите комплет филтри, термостат, водна пумпа).
Го тестирав и DPF кој е потполно исправен.
Иначе претходно бев загреан (речиси спремен) да земам или W211 320CDI или E61 530d, но некако се одвратив од таа идеја.
Сакав да земам фамилијарно возило со голем багажен простор што ми е планиран за патувања, бидејќи редовно сум на пат па ми требаше возило со поголем габарит.
Наредно е земање на нови зимски гуми. Најверојатно ќе бидат или Sava Eskimo или Cooper.
Колата е донесена од Холандија иначе, не се осмелив да земам кола од Бугарија откако еднаш се уверив како од 4 коли склопија една
Еве некоја слика.
Уште ја немам измиено како што треба, се маткам со мајстори да ја средам како што сакам. Па ќе има плус сликички деновиве.
Веќе е регистрирана. Сликиве се сеуште дур беше со пробни таблици.
И така