Автор Тема: Opel Zafira B 1.9 CDTI 2006  (Прочитано 27546 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Opel Zafira B 1.9 CDTI 2006
« на: 22 Декември 2015, 14:23:56 pm »
Еве конечно да се пофалам за најновата принова.

Opel Zafira B 1.9CDTI од јуни 2006 година.

7 седишта

Full опрема.

Моментално правам детален сервис. Ги менувам сите потрошни материјали што можат да направат проблем и она што се нарекува редовен сервис.

Имаше мало тропкање на замаецот, па се решив да го сменам целиот сет. Купив LUK комплет DMF, корпа, ламела, друк лагер.

Купени се сите сервисни промени (каиши, затегачи, масло GM 5W30 Dexos 2, сите комплет филтри, термостат, водна пумпа).

Го тестирав и DPF кој е потполно исправен.

Иначе претходно бев загреан (речиси спремен) да земам или W211 320CDI или E61 530d, но некако се одвратив од таа идеја.

Сакав да земам фамилијарно возило со голем багажен простор што ми е планиран за патувања, бидејќи редовно сум на пат па ми требаше возило со поголем габарит.

Наредно е земање на нови зимски гуми. Најверојатно ќе бидат или Sava Eskimo или Cooper.

Колата е донесена од Холандија иначе, не се осмелив да земам кола од Бугарија откако еднаш се уверив како од 4 коли склопија една :D

Еве некоја слика.




Уште ја немам измиено како што треба, се маткам со мајстори да ја средам како што сакам. Па ќе има плус сликички деновиве.

Веќе е регистрирана. Сликиве се сеуште дур беше со пробни таблици.

И така :)
« Последно менување: 23 Декември 2015, 13:25:33 pm zeroSignal »

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: OPEL ZAFIRA B 1.9 CDTI 2006
« Одговори #1 на: 22 Декември 2015, 14:36:49 pm »
Брод. Со здравје да се вози!

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: OPEL ZAFIRA B 1.9 CDTI 2006
« Одговори #2 на: 22 Декември 2015, 14:40:44 pm »
Фала Бојан! Поубаво да се врати друже!

Богами брод. 1.6 тона е тешка. :D :D

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: OPEL ZAFIRA B 1.9 CDTI 2006
« Одговори #3 на: 22 Декември 2015, 14:47:58 pm »
Нека е за убаво :)

Шо бидна со 147 ?

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: OPEL ZAFIRA B 1.9 CDTI 2006
« Одговори #4 на: 22 Декември 2015, 14:51:58 pm »
Уште ја имам :)

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг:
« Одговори #5 на: 22 Декември 2015, 15:14:17 pm »
Abe kako si zel opel pa I dizel? Mala sala :)
So zdravje da se vozi I samo redovni servisi. 150 ks ima?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: OPEL ZAFIRA B 1.9 CDTI 2006
« Одговори #6 на: 22 Декември 2015, 15:23:56 pm »
Дај од внатре слики.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: OPEL ZAFIRA B 1.9 CDTI 2006
« Одговори #7 на: 22 Декември 2015, 15:42:02 pm »
Со здравје да си го возите комбето.
 :D

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: OPEL ZAFIRA B 1.9 CDTI 2006
« Одговори #8 на: 22 Декември 2015, 16:44:52 pm »
7 седишта ::)
Човек со план.

Честитки :)

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: OPEL ZAFIRA B 1.9 CDTI 2006
« Одговори #9 на: 22 Декември 2015, 16:48:47 pm »
Со здравје да ја возиш и цела да ја наполните со деца :D

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: OPEL ZAFIRA B 1.9 CDTI 2006
« Одговори #10 на: 22 Декември 2015, 16:52:29 pm »
Одлично возило. Бомбонче. Со здравје да си го возиш.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: OPEL ZAFIRA B 1.9 CDTI 2006
« Одговори #11 на: 22 Декември 2015, 16:54:41 pm »
Сполај ви на сите :D :D

Многу поубаво да ви се врати.

Иначе ќе има повеќе слики деновиве. Моментално кубам брада (оти неам коса нели) со мајсториве и така :)


Моторот е 74KW (знааам...знам...). Си бара повеќе не велам не, ама за реалната намена на возилото не е нешто повеќе потребно.

Како и да е реално стои опцијата за чипче. Веќе се распрашував. За 125КС е 129 евра (RaceChip, директно од нивната страна, не од препорадавачите кај нас).

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг:
« Одговори #12 на: 22 Декември 2015, 17:04:44 pm »
Со здравје да се вози.Домаќин ќе се правиш а :)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг:
« Одговори #13 на: 22 Декември 2015, 17:05:08 pm »
Боооооо брод.....

Другарче зема иста ваква пред 2-3 мресеца и можам само пофални зборово да кажам за колава. Створена е за патување.

Долго да те служи!

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: OPEL ZAFIRA B 1.9 CDTI 2006
« Одговори #14 на: 22 Декември 2015, 17:32:04 pm »
Иначе претходно бев загреан (речиси спремен) да земам или W211 320CDI или E61 530d, но некако се одвратив од таа идеја.

Штета што не си бил доволно спремен ...


Честито ново ауто...