Секако, ако се оди сопствениците лично да си ги тестираат возилата, тоа би било ептен субјективно

A oбјективен тест од трето лице е малце временски, а и финансиски неизводливо.
Затоа, подобра опција е интервју, опишано од @zeroSignal
Мене лично ми се допаѓа замислата да се раскаже приказна за некое возило, за луѓето поврзани со тоа возило, за некои времиња... сакам да читам такви работи.
Некои коли се само железо, кои во финансиска смисла не вредат многу... ама емотивно некому многу значат. Зошто да не се пренесе таква приказна?
Некои коли оставиле траг во историјата. Некој има дел од историјата, нека си ја раскаже својата приказна...
Некој модифицирал, правел... трошел труд и време, направил нешто уникатно... вреди да се прочита.
Може и некој олдтајмер... од отпад до сјај

Има многу приказни...