Автор Тема: Помош за нова кола  (Прочитано 8912 пати)

Отсутен sparkymdk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Помош за нова кола
« на: 02 Јуни 2015, 21:59:09 pm »
Здраво на сите  :). Како што напишав во добредојде темата, размислувањето за купување на нова и прва моја сопствена кола ме донесе до овој форум. Пред да ве прашам за мислење, еве неколку информации околу моите можности и размислување:

- буџетот за нова кола би бил меѓу 9 - 10 к евра
- Би поминувал помалку од 10 000 км на годишно ниво
- Колата е претежно за возење по Македонијата, градска вожња Скопје, неколку пати во месец до Куманово и чат пат рекреативни прошетки и годишни одмори
- да има мала потрошувачка ( ова мала сега релативно е, ама ... ) и моторчето да не е премногу слабо, во смисла да не може да искачи некоја угорнина и слично

Генерално. познавање големо од коли немам, освен основните работи. Идејата ми е да купам нова кола која што освен редовните сервиси, за дефекти и слично не би требало да се секирам во наредните 5 години.

Од тоа што разгледував овие денови, еве што ми се нуди:
- Mitsubishi Space Star 1.2 full опрема 9000 E
- Opel Corsa 5 врати,1.2 ecotec (86ks) MT5 - 9000 E (зборуваме за претпоследниот модел 2006 -2014 ts. Corsa D, читајќи по википедија), опременост - солидна
- Fiat Punto Pop 1.2 MPI - 8500 E, опременост основна

Исто така отворен сум за сугестии , така да слободно пишете кој што мисли :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Помош за нова кола
« Одговори #1 на: 02 Јуни 2015, 22:05:54 pm »
Корсата би ја заобиколил. Сегашната не е баш најконкурентна, не па старата (иако е истата платформа одоздола и истите мотори со претходната). Спејс Старот е интересен и неочекуван, али рационален избор. За малку пари се добива сосема пристојно мало количе со МНОГУ опрема - дефинитивно повеќе од конкуренцијата. Пунтото е релативно старичко, али е океј. 1.2 моторот е жали боже (ем стар, ем жеден) па ако можеш некако да земеш нешто друго, види ја таа опција.

Јас би погледнал и Киа Рио - редовно имаат акции ми мислам дека за 10к би можело да се земе количе. Исто така би ѕирнал и Ford Fiesta - почнува од 9600 евра за основниот модел, али за 10к би можело да се земе сосема пристојно опременко количе. Тука некаде е и новата Fabia и е стварно супер кола. Сите овие сме ги возеле и тестирале, па ѕирни ја категоријата „Тестови“ на сајтот и ќе добиеш подобра слика.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Помош за нова кола
« Одговори #2 на: 02 Јуни 2015, 22:25:21 pm »
Изборот воопшто не е во ред според мене.

За таа цена изборот треба да падне меѓу овие возила:
1. Skoda Rapid/fabia/citigo - зависно големината што ти треба, јас би одел на Рапид Елеганс конкретно.
2. Ford Fiesta Titanium 1.5 TDci ако може да мрдне буџетот малку нагоре, ако неможе тогаш Титаниум бензинец.
3. Kia Rio 1.2 Style + бандажи.
4. Половен Голф

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Помош за нова кола
« Одговори #3 на: 02 Јуни 2015, 22:28:27 pm »
Половен голф во тема за нова кола?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Помош за нова кола
« Одговори #4 на: 02 Јуни 2015, 22:32:10 pm »
Листа од неколку коли соодветна на темата.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Помош за нова кола
« Одговори #5 на: 02 Јуни 2015, 22:39:32 pm »
А колку чини најевтиниот нов голф што може да се купи?

Отсутен A4-B8

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 544
Одг: Помош за нова кола
« Одговори #6 на: 02 Јуни 2015, 22:42:06 pm »
15 500 1.4 Бенѕин :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Помош за нова кола
« Одговори #7 на: 02 Јуни 2015, 22:45:50 pm »
Исто и рено твинго го заборавив, новото со заден погон може да се убаци во листата која ја напоменав.

Отсутен sparkymdk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Одг: Помош за нова кола
« Одговори #8 на: 02 Јуни 2015, 23:53:10 pm »
Спејс Старот е интересен и неочекуван, али рационален избор. За малку пари се добива сосема пристојно мало количе со МНОГУ опрема - дефинитивно повеќе од конкуренцијата.
Спејс Старот имав шанса да направам тест возење на 1.2 моторот, со 5 луѓе внатре. Искрено, кај него ме привлекува тоа што за тие пари има фул опрема со голем број кул ствари. Исто така симпатичен ми е на изглед и читам на странските форуми е дека малку троши. Плус има 5 години гаранција. Тоа што јас го забележав при возењето е дека во пониските брзини е малку бучен, меѓутоа не толку много за да иритира.Тоа исто е наведено како негативна страна и по странските форуми, како и тврдата вожња....


Јас би погледнал и Киа Рио - редовно имаат акции ми мислам дека за 10к би можело да се земе количе. Исто така би ѕирнал и Ford Fiesta - почнува од 9600 евра за основниот модел, али за 10к би можело да се земе сосема пристојно опременко количе. Тука некаде е и новата Fabia и е стварно супер кола. Сите овие сме ги возеле и тестирале, па ѕирни ја категоријата „Тестови“ на сајтот и ќе добиеш подобра слика.
Киа Рио и Фиеста, ќе ги разгледам поуабаво, меѓутоа, ко што гледам сега, Киа-та најевтината е 11450 Е, а Фиестата е прилично основно опремена за 9600 и плус има 3 врати. Сега ги најдов принтаните понуди од Porche Makedonija - Rapid Spaceback Ambition 1.2 TSI 85ks mt5 (10990E) и Fabia Ambition 1.0 MPI 60KS MT5  (9900E)

Изборот воопшто не е во ред според мене.

За таа цена изборот треба да падне меѓу овие возила:
1. Skoda Rapid/fabia/citigo - зависно големината што ти треба, јас би одел на Рапид Елеганс конкретно.
2. Ford Fiesta Titanium 1.5 TDci ако може да мрдне буџетот малку нагоре, ако неможе тогаш Титаниум бензинец.
3. Kia Rio 1.2 Style + бандажи.
4. Половен Голф

Благодарам за сугестијата, можеби ќе треба да размислувам за ребаланс на буџетот  :-\


Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Помош за нова кола
« Одговори #9 на: 02 Јуни 2015, 23:59:21 pm »
Ако размислуваш за ребаланс и да додадеш уште некој денар, можеш да земеш Ц Елизе за 11500 дизел, 1.6 ХДИ.
А за таа цена имаш и 1.2 бензин.
Огромно е аутото и не е лошо воопшто.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Помош за нова кола
« Одговори #10 на: 03 Јуни 2015, 00:03:36 am »
Не слушај многу форумџии, може да завршиш со кола која им се допаѓа на други, а тебе лично не ти прави мерак.
Ете дури и половен Голф ти понудија, а ти нова кола бараш. Нормално во МК тоа е муабетот или Голф или ништо.

Оди по салони и развози се' што можеш да купиш до 10К, створи си слика која класа на возила најмногу ти одговара, каков мотор, ниво на опременост и така натака...

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Помош за нова кола
« Одговори #11 на: 03 Јуни 2015, 00:05:26 am »
Риото е многу комфорно изненадува со неговата големина и дизајн и во старт е напукано со многу опрема и максимална безбедност со 6 ербега и есп.
Цената во ценовник не е фиксна.


Фабијата треба да има комфор како претходната претпоставувам, види спореди дали нуди колку риото опрема и гледај мотор без турбо, поефтино ќе ти е за плин монтажа и во потрошувачка поекономично.


Совет, земи возило кое нуди највеќе безбедност, опрема, највеќе за парите.
Тоа ќе ти пружи повеќе уживање во возењето.
За некои работи треба разумен компромис да се направи.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Помош за нова кола
« Одговори #12 на: 03 Јуни 2015, 00:38:26 am »
Имаш Suzuki Swift 1.2 со прилично многу опрема за 9990 евра.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: Помош за нова кола
« Одговори #13 на: 03 Јуни 2015, 05:00:45 am »
jas bi zemal i hyundai vo predvid, i30 ~ i20
i +1 za fabia
+1 spacestar
ovie. vo prv red.

Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Одг: Помош за нова кола
« Одговори #14 на: 03 Јуни 2015, 08:42:02 am »
Имаш Suzuki Swift 1.2 со прилично многу опрема за 9990 евра.

+1

Свифтот ти е одличен за низ град и во твојот ценовник е одлична понуда... :)
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D