Здраво на сите
. Како што напишав во добредојде темата, размислувањето за купување на нова и прва моја сопствена кола ме донесе до овој форум. Пред да ве прашам за мислење, еве неколку информации околу моите можности и размислување:
- буџетот за нова кола би бил меѓу 9 - 10 к евра
- Би поминувал помалку од 10 000 км на годишно ниво
- Колата е претежно за возење по Македонијата, градска вожња Скопје, неколку пати во месец до Куманово и чат пат рекреативни прошетки и годишни одмори
- да има мала потрошувачка ( ова мала сега релативно е, ама ... ) и моторчето да не е премногу слабо, во смисла да не може да искачи некоја угорнина и слично
Генерално. познавање големо од коли немам, освен основните работи. Идејата ми е да купам нова кола која што освен редовните сервиси, за дефекти и слично не би требало да се секирам во наредните 5 години.
Од тоа што разгледував овие денови, еве што ми се нуди:
- Mitsubishi Space Star 1.2 full опрема 9000 E
- Opel Corsa 5 врати,1.2 ecotec (86ks) MT5 - 9000 E (зборуваме за претпоследниот модел 2006 -2014 ts. Corsa D, читајќи по википедија), опременост - солидна
- Fiat Punto Pop 1.2 MPI - 8500 E, опременост основна
Исто така отворен сум за сугестии , така да слободно пишете кој што мисли