Искористив мислам дека 4 пакувања Liqui Moly Valve Cleaner, па да напишам мислење (лично мислење кое не го наметнувам).
Колата влече подобро, не е плацебу, туку ја дадов и на роднина да ја вози (ја има возено) и беше зачуден колку добро влече, а јас си ќутев и не кажав зошто, што, како.
Поминав 3000+ км со адитивите и потрошив многу резервоари бензин.
Колата со нормално возење (без нагли стартови и менување на брзина на пренос на 2000-2500 вртежи во минута) трошеше 12л плин во град.
Според последното возење (ја полнам до горе плин и ја празнам) со газење и тргнувања на семафори и држење прва-втора до 4000 вртежи потроши 10л плин/100км.
Потрошувачката на масло мииислам дека остана иста, односно 100-150 мл. масло на 1000км на отворено (деклариран е да троши до 0.6л/1000км.). Деновиве ќе побарам ендоскоп и ќе ги видам клиповите и вентилите (ако има огледалце на ендоскопот) какви се, претходно беа доста црни и имаа дебел слој кога менувавме свеќици.
Со дечково се согласувам од А до Ш, иако кај него е GDI, а кај мене MPI и од Ликви добив одговор дека овој адитив не работи как мотори со директно вбризгување бидејќи во ниеден случај на работа горивото не поминува до вентилот.
https://youtube.com/shorts/UVnUic-TYtY?feature=shared