Кога ти викав не ја мењај фелицијата, плус на плин 😄
Мала шала, се надевам ќе ти се погоди новиот мењач
Сеуште стои, само стариот не ја вози, акумулаторот и е рикнат а јас го имав нов купено...
Целата е уништена, греби друк лагерот, не кочи ич.... За 1 и кусур година не возење откако јас престанав да ја возам, катастрофа е целата....
А не беше и таа сјајна, особено плинот, на секои 10 степени температурна промена мораше да го штелувам на расплињача, или се давеше во плин или и фалеше плин и на секој семафор дрд, дрд, дрд гаси...
А трошеше и во град и на отворено 12-13 плин
Ама реално одеше ок, го имав протокот убаво подесено, колку на бензин, толку и на плин одеше.
Туку, каде правеше промена на менувачот? И како си заодоволен од мајсторите. (у смислу, прљаво оставиле во кола, самата каросерија, итн)
Во Дерби Фиат во Илинден, нивни менувачи што ги имаат на залиха. Цената е 350 евра за менувачот, 100 евра работна рака и 20 евра за масло бидејки веќе имав 1 литар од Тутела Текниксот неотворено, па само 2 литри наплатија. Вкупно излезе 470 евра.
Од сработеното вака што знам, ок си е, освен што менувачите не се баш чисти, имаат наоколу масло..Мојот беше чист.
И моментот со првиот менувач што го намонтираа каде пробаа да ме убедат дека палката што ја фрла наназад во прва и петта при давање гас дека е ок. Ама среќа што истражував и што Симо кај неговото Мито го имаше тој проблем со палката, па знаев оти тој менувач не е ок.
Ама среќа кратко траеше убедувањето, им реков ок ако немате добар менувач, вратете го мојот назад.
Бидејки првично кога ја оставав колата и рекоа имаат на залиха менувачи, ми беше посочено, монтираме менувач, ја тестираме, ако е ок ти се јавуваме да го земеш.
Ако не е ок, монтираме друг.