Некој ќе рамни/менува дискови на секое менување плочки, но глицерин нема да смени.
Некој ќе се утепа од бирање брендови на плочки и ќе се чуди зошто некако не му кочи, но глицерин нема да смени.
Некој ќе менува водна пумпа на секој голем сервис, но антифриз нема да смени.
Од искуство зборам дека со промена на 10 години стар глицерин, без да чепкаш друго на кочниците, веднаш ќе осетиш подобрување на чувството на папуча.
На половните коли, по купувањето веднаш менував антифриз и се фаќаше уште еднаш во моја сопственост кога ќе паднеше на околу -20
Наводно се менувал и поради други негативни својства за кои не би знаел да кажам дали е точно или не.
Меганот на 60.000 сменив антифриз и водна пумпа, на 120.000 антифризот беше на -22.
i10kata 2011та, есенва антифризот беше на -26.
Знам, далеку од мрзнење во македонски услови