Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 1955408 пати)

Отсутен Citroen-C3

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8430 на: 19 Мај 2020, 19:15:23 pm »
Незгодно.
Ако добро разбрав, 5 години од менувањето масло и 10.000 поминати км. Маслото сигурно станало кечап.
Ребрастиот се амортизира и од стоење, а не се знае кога и дали некогаш е сменет. Голем ризик.
Да,така е како што имаш пишано. 5 години од тогаш и 9800 км поминати.

Пари навистина немам за двете работи во моментот. Затоа и прашувам што најпрво да направам.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8431 на: 19 Мај 2020, 19:17:19 pm »
@Citroen-C3 Маслото и филтрите под хитно треба да ги смениш, а таму кај што ќе ти прават сервис да ги прегледаат каишите и да ти дадат мислење. Колку км има поминато колата?
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Citroen-C3

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8432 на: 19 Мај 2020, 19:22:10 pm »
@Citroen-C3 Маслото и филтрите под хитно треба да ги смениш, а таму кај што ќе ти прават сервис да ги прегледаат каишите и да ти дадат мислење. Колку км има поминато колата?
Тогаш така и ке направам. Околу 100 000 км пишува. И дедо ми ја нема возено многу, тој во село живееше и само до болница да оди и до маркети и сл. ја користеше.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8433 на: 19 Мај 2020, 19:27:34 pm »
Само по се изгледа на оваа кола не и е правен голем сервис до сега (мал сервис +каиши, затегнувачи, водна пумпа, антифриз), така да пробај да се снајдеш и да направиш се комплет затоа што ризикуваш голема штета и дупли финансиски трошоци
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8434 на: 19 Мај 2020, 19:35:22 pm »
По слободна проценка, уље, филтри и раб. рака би требало да бидат поефтини од ребраст, пумпа и раб. рака.

Смени уље и филтри, парите што ќе ти останат зачувај ги и во најскоро време и ребрастиот да го смениш.

Сметај дека зимава има добри шанси и акумулаторот да рикне.

Па имаш и глицерин и антифриз.

Не е евтино да се поседува кола :)

Отсутен Citroen-C3

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8435 на: 19 Мај 2020, 19:41:43 pm »
Само по се изгледа на оваа кола не и е правен голем сервис до сега (мал сервис +каиши, затегнувачи, водна пумпа, антифриз), така да пробај да се снајдеш и да направиш се комплет затоа што ризикуваш голема штета и дупли финансиски трошоци
Овој основниот сигурно ке го правам сега, затоа и прашав, за другите малку потешко ке биде оти за еден месец ке треба за регистрација да направам пак и за тоа ке мора да оставам пари на страна. Евентуално после тоа.

Фала ви на советите.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8436 на: 19 Мај 2020, 19:50:54 pm »
По слободна проценка, уље, филтри и раб. рака би требало да бидат поефтини од ребраст, пумпа и раб. рака.

Смени уље и филтри, парите што ќе ти останат зачувај ги и во најскоро време и ребрастиот да го смениш.

Сметај дека зимава има добри шанси и акумулаторот да рикне.

Па имаш и глицерин и антифриз.

Не е евтино да се поседува кола :)
Glicerin i antifriz dosega ne sum smenil na niedna kola ili kamion.Neznam so tolku go forsirate toa.Dosega ne sum imal nikakov problem,nitu jas nitu nekoj so go poznavam.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8437 на: 19 Мај 2020, 19:55:46 pm »
Јас на ниедна кола не сум сменил водна пумпа, освен на Меганот што ме убедија.
Но затоа глицерин и антифриз сум менувал. Губат својства и истото е мерливо со инструмент.

Само по се изгледа на оваа кола не и е правен голем сервис до сега (мал сервис +каиши, затегнувачи, водна пумпа, антифриз), така да пробај да се снајдеш и да направиш се комплет затоа што ризикуваш голема штета и дупли финансиски трошоци
Овој основниот сигурно ке го правам сега, затоа и прашав, за другите малку потешко ке биде оти за еден месец ке треба за регистрација да направам пак и за тоа ке мора да оставам пари на страна. Евентуално после тоа.

Фала ви на советите.
Се надевам дека си свесен за ризиците со стар ребраст ремен, да не испадне дека ние така ти рековме :)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8438 на: 19 Мај 2020, 19:58:56 pm »
Vodna pumpa znae da crkni i da frlis motor,a glicerin dosega be uzgubil tolku mnogu od svojstvata pa da napravis belja.
Sekoj so svoeto ubeduvanje i iskustvo.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8439 на: 19 Мај 2020, 19:59:18 pm »
Ако не можеш да смениш сет каиши на колата и уље, тогаш продај ја.

Те сфаќам, студентски живот е тежок, само трошиш и најмногу сакаш да шеташ а уште не заработуваш. Али со одржување на кола нема играње. Не е само каиши и уље, секогаш излегува нешто плус.
За до факс и назад ако ти е, подобро скутер купи си.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8440 на: 19 Мај 2020, 20:03:30 pm »
Vodna pumpa znae da crkni i da frlis motor,a glicerin dosega be uzgubil tolku mnogu od svojstvata pa da napravis belja.
Sekoj so svoeto ubeduvanje i iskustvo.
Види сега, со опаднат антифриз може да смрзне блокот.
Ако рикне пумпа ќе видиш дека температурата се качува.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8441 на: 19 Мај 2020, 20:15:43 pm »
Za toa ti so go zboruvas da se sluci treba da pominat 30g.Posle 30g nema da i.as potreba da go menuvas antifrizot tuku kolata.
15g go imam kamionot so istiot antifriz pa vo nitu edna zima ne zamrznal blokot.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8442 на: 19 Мај 2020, 20:17:49 pm »
Ако не можеш да смениш сет каиши на колата и уље, тогаш продај ја.

Ако немаш пари за мајстор, научи сам да менуваш уље, филтри, па и ребраст. Не е тешко, многу често не бара ни специјален алат.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8443 на: 19 Мај 2020, 20:22:45 pm »
Најарно да се мени ребраст на сервис,  а за другото просто  е можиш и сам  со малце гледање видео некое,  за водна пумпа ете и немора  ако не пушта досега да намалиш на трошок, нсреден сервис ако имаш денар мпже и неа.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8444 на: 19 Мај 2020, 21:48:02 pm »
Некој ќе рамни/менува дискови на секое менување плочки, но глицерин нема да смени.
Некој ќе се утепа од бирање брендови на плочки и ќе се чуди зошто некако не му кочи, но глицерин нема да смени.

Некој ќе менува водна пумпа на секој голем сервис, но антифриз нема да смени.

Од искуство зборам дека со промена на 10 години стар глицерин, без да чепкаш друго на кочниците, веднаш ќе осетиш подобрување на чувството на папуча.

На половните коли, по купувањето веднаш менував антифриз и се фаќаше уште еднаш во моја сопственост кога ќе паднеше на околу -20
Наводно се менувал и поради други негативни својства за кои не би знаел да кажам дали е точно или не.

Меганот на 60.000 сменив антифриз и водна пумпа, на 120.000 антифризот беше на -22.
i10kata 2011та, есенва антифризот беше на -26.

Знам, далеку од мрзнење во македонски услови ;D