Не знам од кога, можеби и година две, приметувам на вртење волан како крцкање, ама многу е тивко, кое доаѓа баш од кај воланот. Како песок да има, некако таков звук слушам. И ако добро запазувам, ова е на почеток после палење на колата, не сум баш сигурен дали и после 5-10 минути па и повеќе го има тоа крцкање. Колата е Голф Спортсван 2019та, верувам дека е со електрично серво. Секако за месец два ми доаѓа време за редовен сервис и инспекција, ќе им го напоменам и ова да го проверат и ако е дефект да средат додека е под гаранција. Мене ме интересира за јас да научам од некој поупатен овака според опишаното што може да е и дали е тоа нормално, поготово кај голфови таа генерација, 7.5.