Автор Тема: Renault 5 Campus  (Прочитано 54115 пати)

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #30 на: 30 Јануари 2015, 21:31:16 pm »
Можеби... ама искрено... се чувам од нервози, се трудам да сум смирен...
Не е нешто богзнае каква штета, едвај приметливо, ама ја знам и ме нервира...
Сепак, кола за секој ден е.

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #31 на: 01 Февруари 2015, 22:16:38 pm »
Денес средував делови кои се собрале на таванот, и меѓу другите, два карбуратора Zenith 32 IF2 и еден Solex 32 bis.
Двата се за ова возило, за овој мотор.
Немам слики од двата како ги пронајдов, имам од едниот, произведен 1994 година:



А, таков, дури бетер, беше и другиот, произведен 1990 година...
Почнав со расклопување на тој, од 1990 година, го оставив малце во нитро и стигнав до ова:





Како изгледа нитрото :)



Oва е онака... грубо перење, деновиве пак ќе чистам, да е спремно за склопување. Ќе завршев и денес, ама немам веќе нитро.

Планот кој ми текна е следниот:
Овој расклопениот е од 1990 година, годината кога е произведена и колата, и како таков, тој ќе оди во колата. Постојниот, како и оној нерасклопениот се понови и со електрична дизна на лер гасот, а расклопениот е со обична, баш како што била во оригинал на колата.
Од трите карбуратора план е да се направат два како што треба, и да останат нешто делчиња.
И, за не дај боже ќе остане еден Solex.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #32 на: 02 Февруари 2015, 02:24:30 am »
Вака голи моеш да ги извриеш во ексенција,само процедурава обавезно на отворено,има фабрика да излезат.

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #33 на: 02 Февруари 2015, 22:20:03 pm »
Благодарам Влатко, ќе размислам за другиот :)

Денес пристгна издувот од грана до крај. Средниот и задниот лонец се од Македонија, додека цевката од граната беше практично невозможно да се пронајде, а и она што го најдов беше со сомнителен квалитет, а небулозна цена, па заедно со сетот за монтажа се порачани од Германија.





И, со ова, има се како во техничката книга што се однесува до издувот.

Деновиве треба да се монтира, и со тоа е средено буквално се во оригинал, како што треба.

Со издувот приказната  е следна:
Како и се на ова возило, така и издувот беше прикрпуван, палијативно поправан и сл. Колата кога стигна кај нас беше премногу бучна, како однадвор, така и одвнатре... И, бидејќи премногу пари дадов во тој момент за други работи кои ми беа битни, решив издувот да го средам за  ептен мали пари кај некој мајстор, а се тоа да резултира со некаква поднослива бучава, па понатаму да се прави она што конечно го правам. И, така поминаа скоро четири години... Оти стварно не брчеше многу :) Крив сум, признавам :)
Но, да почнам со ред. Причина за неподносливата бучава беше тоа што цевката која се закачува на граната беше скроз изгорена горе, практично голем дел од гасовите од граната директно надвор одеа. Она што остануваше внатре не ни стигнуваше до крај, туку излегуваше низ многубројните дупки на цевката меѓу средниот и задниот лонец, и на самиот заден лонец.
Тоа не е се... Целиот издув наместо на гумените држачи беше закачен за колата со некои жици, телчиња...и како капак на се, во некој момент, некој сметал дека е попаметен од инженерите во Биланкур, па брезоните на граната на која со федери се држи првата цевка ги заменил со завртки и навртки, без федери и оној елементот меѓу цевката и граната, како прстен, кој служи како изолација, но и пригушувач на вибрациите.
Сето тоа резултираше со разлабавување на цевката и неподнослива бучава. Стегите со кои се припасуваат елементите еден на  друг, не постојат, се е заварено.
Средниот лонец е од богзнае што припасан некако да стои таму, убаво исчукан да не удара на шалтерот... Исто како и задниот е шуплив.
Поправката во 2011 се состоеше во тоа да се стави наместо дел од предна цевка мека врска (плетено црево или како се вика?) со цел да преземе вибрации и да не се разлабавува цевката.Подоцна на отпад најдов федери од Рено 21 кои се исти, и  кога се репарираше главата, се вратија брезоните на главата и тој дел сега е онака како што треба да биде.
Се замени делот од цевката што беше изгорен, и добив пристојна бучава внатре, и за нијанса погласна надвор, пред се, поради шупливите лонци.
Бидејќи оние кои заварувале не воделе никогаш сметка за падот на цевките, резултатот е дека задниот лонец е превисоко, неможе да се стават оригиналните гумени носачи (во моментот служат да не удира издувот на колата, поставени некако како тампон меѓу колата и цевките и задниот лонец.
Инаку, цевките кои се моментално на колата не се во оригинал пречник, 45 мм... со тек на времето, наварувал кој како стигне и што најде, и се движи пречникот од 40-44 мм  мерено однадвор.
Деновиве конечно се ќе си легне како што треба :)

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #34 на: 04 Февруари 2015, 22:22:49 pm »
Монтиран издувот денес!
Еве што излезе од колата:

Празен хоуммејд заден лонец:


Ингениозната комбинација од цевка, мека врска и недефиниран лонец кој служеше како среден лонец:


И... цевки варени онака...кој како стигнал:


Сега тоа изгледа вака (ако се гледа):





Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #35 на: 04 Февруари 2015, 23:31:43 pm »
Видено денес Реното по транзитот во Струмица, супер изгледа.
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #36 на: 08 Февруари 2015, 22:12:30 pm »
@golf_111 фала!

Бидејќи барем еднаш годишно менувам платинка, и веќе ми доде преку глава од тоа, решив да видам да направам нешто околу тоа...
Во глава ми се мотат две решенија:

1. Комплет електронско палење (разводник, бомбина и оној калемот или што и да е) од некое поново Рено со Енерџи мотор.
2. Преправање на постоечкиот разводник со електронски од Југо.

Искуство некое, совет?

Отсутен aleksandar_bt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 340
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #37 на: 09 Февруари 2015, 00:03:33 am »
Имам комплет електронско палење од југо ако си заентересиран контактирај ме.

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #38 на: 10 Февруари 2015, 16:57:02 pm »
Благодарам Александар, од Југо имам обезбедено, се мислам да правам другата опција со нешто од Рено...
Ако од таа опција не излезе ништо, тогаш ќе се преправките од Југо.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #39 на: 10 Февруари 2015, 18:08:23 pm »
Strumiks ти ли си да ја еам :D

Ајде претстави го и Фиатот :D

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #40 на: 10 Февруари 2015, 18:47:30 pm »
Jaс сум бе Мики!
ФИАТ нема веќе... го дадов на еден дечко,ентузијаст, за делови, сосе делови што ги имав. Премногу гнило беше. Ниеден  лимар не се нафати да го работи, откако ја увидовме реалната состојба, скриена под заштити...

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #41 на: 10 Февруари 2015, 19:04:27 pm »
Jas kolku so ne ja pazam ti duplo poveke ja pazis 5-ta. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #42 на: 13 Февруари 2015, 22:08:42 pm »
@MecheTo, мора да остане некој Кампус читав хехехе :)

Туку... сопругата пријави дека колата едвај до 90 оди... сецка под мала гас итн.
Платинката! Џабе беше чистење, траеше 2-3 дена односно 30 км.
Порачана нова, утре пристига.
Спомнав погоре нешто околу електронско палење... Засега ќе остане во оригинал. Ако ја следите темата, научивте за мене дека се сакам да е во оригинал, колку што е можно.
Е, сега, малце листање по француски форуми, гуглање, зјапање во моторен простор и сл. видов дека сум направил еден т.е. два превида...

gCartier Ref. 02346!Французите го нарекуваат Boitier Cartier (Картие кутија). Едни велат транзисторско палење, едни нешто демек електронско, ама изгледа дека ова ќе му дојде нешто како стабилизатор за струјата која оди на платинката... Зема струја од колата,  оди на + и - на бобина, и оди на платинка...
Се разбира, го немаше на колата, ама за среќа, во кутијата со делови земена со колата го имаше! Едно од ретките нешта кое го зачувале. Во некој момент било тоа нешто од некоја причина извадено, а проверката покажа дека е исправно...
И, вториот превид од кој нема слика, е дека бобината е најверојатно од Застава 1300/1500 или 125 ПЗ. И дури сега приметив!
Тоа ќе се смени понатака бидејќи е со исти карактеристики како оригиналот, само визуелно малце ми забегува :) И не е на местото каде што треба да биде. Тоа ќе се среди утре, ќе се врати Картие кутијата, бобината ќе си дојде на место, каблите се нови, т.е. стари се помалце од година дена, исто како и разводната капа и палец.
Во план е промена на платинката, откако претходно разводникот ќе оди надвор, да се провери, подмачка, стегне убаво...
Се надевам дека со тоа ќе се среди палењето на подолг рок.
Ако не, ќе се оди на електронско палење.

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #43 на: 05 Март 2015, 22:53:18 pm »
Денес конечно заврши сагата околу палењето, т.е. разводникот. Порачаната платинка беше некое ноу нејм нешто, па се вгради колку да оди колата...
Се до денес...
Значи, нова BERU платинка, ист таков палец и разводна капа. Она што беше на колата оди во резерва.
Вратена на место кутијата од постот погоре, поврзана и на своето место, исто како и бобината.
Разводникот комплетно надвор, исчистен, прегледан и во одлична состојба!
Палењето и карбураторот прештелувани.
Колата работи помирно, рамномерно, има подобар одзив на гаста, и за своите 44 коња оди прекрасно!

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #44 на: 17 Март 2015, 22:03:45 pm »
Ништо посебно нема, освен тоа што за викендот патувавме малце на подолг пат :)
Оддамна возилото не беше издувано, па тргнавме со него на пат.
Релацијата беше Струмица - Кавадарци - Скопје - Струмица.
Вкупно поминати околу 370 км, без некои проблеми, потрошени околу 20 литри гориво, макс. до 22 литри. Не ја штедев баш, на моменти по автопат и до нејзините максимални 140 км/ч ја дигав, ама под 90 не ја пуштав :)
Си покажа и некои мани:
1. Предна лева врата не дихтуваше убаво, се слушаше шуштење при повисоки брзини, заприметив дека стои малку према надвор, па во Кавадарци ја вратив во линија и шуштењето престана.
2. При поостро влегување во кривини некаде напред ауспухот удараше на каросеријата. Средено денес.
3. На враќање, некаде после Штип, почна дами тресе при кочење. Претпоставив, и бев во право, дека е до дисковите. Десниот беше крив. Затоа, денес се променети дисковите заедно со плочки и гуртни назад. Мирна глава!