Денес променети свеќици, NGK обични
Како за стара кола хехехе...
Но, она што е побитно е дека веднаш по Нова година ќе започнам проектот за освежување на моторот кое најверојатно ќе излезе генералка ама ајде... нека оди. Тоа значи дека започнувам сериозно, полека, зависи од финансиите, да набавувам делови, па до мај најкасно да се вади надвор моторот.
Имаше време мајсторот, па детално прегледавме некои работи, пред се е измерена компресијата, која е на границата на прифатливоста. Може да вози уште, ама на крај е...посебно на четвртиот цилиндар.
Би требало вака да оди работата:
Треба да се набави:
- летечи, лежечи лагери
- кошулици (хилзни) клипови, карики (евентуално само карики)
- комплет дихтунзи, симеринзи, такви работи, да се предихтува моторот кога ќе е веќе надвор
- комплет носачи на моторот (на неа стојат оригиналните, 25 години стари... гумата веќе сигурно ги изгубила своите својства)
- сет за репарација на карбураторот (ќе се стави оној од сликите од почетокот на темата кој стои расклопен, но со нови дизни, мембрани и сите делови, парктично старо ќе остане само куќиштето)
- корпа, ламела друк лагер, сајла... На колата се оригиналните, куплунгот е веќе тврд...
- сајла за гас... оваа на колата била скината некогаш, во делот каде се прицврстува на карбураторот, и тоа ме нервира...
- нови црева
Она што е во ред:
- главата е репарирана комплетно како што треба пред некои 20000 км
- ланец и затегач пред исто толку време
двете ставки ќе се проверат колку да сме сигурни единствено ќе се исполираат каналите
И, ако не пречека некое изненадување попатно, ќе се среди кога е надвор моторот.
Други работи кои ќе се завршат во меѓувреме додека е колата без мотор:
- чистење на ладникот, и замена на експанзиониот сад со оној детално средениот кој го имам, спомнат порано во темата.
- електронско палење наместо платинка
- чистење на моторниот простор и полирање
- се разбира чистење на моторот однадвор и одвнатре
На тој начин, возилото ќе биде спремно да служи како дејли драјвер уште неколку години, и после средено, барем во механичкиот дел, да си ги дочека олдтајмерските денови.