Автор Тема: Што си купивте / сакате да си купите  (Прочитано 2317472 пати)

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 803
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15615 на: 02 Октомври 2025, 14:03:21 pm »
 

Sent from my SM-S916B using Tapatalk


Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2202
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15616 на: 02 Октомври 2025, 14:34:14 pm »
Супер изгледа. Со здравје да се вози.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14750
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15617 на: 02 Октомври 2025, 14:59:34 pm »
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Sent from my SM-S916B using Tapatalk



Бидна ли? Автоматик? Создравје да се вози

Присутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3958
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15618 на: 02 Октомври 2025, 17:09:19 pm »
Си купив шпорет, аспиратор, микробранова, блендер и кујнска вага на горење.

Си купив усисивач на ровента.

Миксер на бош.

Кујнски бојлер на мидеа.

Тцл 43'' тв.

Двосед и тросед од Велеа.

Клуб маса од Алекс Дизајн.

Диспанзер за течен сапун, фен, ер фраер и слушалки на шаоми.

Сигурно нешо заборавам...

Остана кујна, плакари за у спална, претсобје...

Се гледа крајот ...

Sent from my Xiaomi 13T


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14750
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15619 на: 02 Октомври 2025, 18:51:09 pm »
Чим до сега си живеел без сето ова - кажува дека си живеел ергенски живот 😅

Присутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3958
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15620 на: 02 Октомври 2025, 19:33:11 pm »
Aбе се ова имав, стварано у 10 години брак. Aма остана "таму", после разводот. Нека се најде за малиот :)

Сега на нов стан, со нова невеста, све "јово на ново", нов почеток... (после година и нешто ергенски живот). :D

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 803
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15621 на: 03 Октомври 2025, 00:42:28 am »
Ок, значи откако ми ја продадоа Меривата пред операција, не можев да издржам и во Четвртокот му се јавив на човекот, да го прашам зашто не ја чуваше како што се договоривме. Врти сукај, на крај заклучив дека проблем му било што ќе сум ја носел на мајстор, и се секирал дека може ке најдам нешто и ќе разманам купување, а му се јавило прилика да заврши работа, и ја продал. Ми олесна што не ја купив искрено, ми даде некој closue , да можам мирно да спијам.
Ок, идеме понатаму си реков, и разманав да гледам огласи.

Во Петок вечер, на некоја од социјалниве мрежи ми излезе реклама од Мерива. Не ја барав јас, ми се појави од некаде. Во оглас не ни пишуваше дека е аутоматик. Го отворив постот само оти многу ми се допадна бојата, и сакав да видам поубаво.
Читам реклама, и вика Аутоматик, 95000 поминато, 1.4 Бензин (испадна 1.6 дека е). Огласот е објавен во Петок на реклама 5. Не е пишано цена, не е тагирано дека е аутоматик, што значи и да сум го барал немало да го најдам.
Се јавив Сабота наутро, и дечкото кој ја продава отишил во странство, ама татко му ке ми ја покажел. Татко му нормално не знае ништо за колата. Слична ситуација како предходно.
Ѕвонам на татко му, вика денес закажав нешто работа, ако не ти е итно, може ли Понеделник сабајле.
Викам нема проблем, само да не испадне да ја продадеш до Понеделник. Обеќа чичето дека ке ми ја чува.
Одам Понеделник сабајле во Штип да ја видам. Правиме тест возење, и чичето онака зачудено ме прашува што е работа со колава.
Не го разбрав што ми зборува.
После возење се слушнав со синот, договоривме цена (поточно кажа дечкото крајна цена и не се ценкавме) и оставив капар.
И чичето пак ме праша што е работа со колава. Вика 3ца ми се јавија вчера, 2ца ме убедуваа да дојдат во Недела да ја земат.
Викам ајде може ме врти, али веќе договорив со синот, така да сеедно муаберов. Само сакав да си одам дома, требаше да одам на преврска.
Договоривме во Четврток да ја земам, а он меѓувремено да ја помине на течнички и да извади пробни таблички за јас да не се акам со ранава.
Отидовме на нотар и ми ја препишаа на мое име. Без да платам !!!

Бев, ја земав од сабајле, и успешно си дојдов до Скопје. Не се расипа по пат, тоа е успех.
Пред да ја земам, чичето ми вика, уште 2ца сакаа да ја купат, некој комшија и некој на технички. Да не потпишевме на нотар во Понеделникот, најверојатно ке ја дадев на друг. Некој човек оставил број, да му се јавам од мене да ја купи. Ако сум сакал да ми даде број.
Викам фала, каква таква, моја е, само сакам да завршам со потрага по кола и да продолжам со животот.

Да земам таблички утре, и наредна недела ќе ја носам на мајстор да ја провери, да видам што ке испадне и во која состојба е.
 - На десна, совозачка страна, задна врата има некој нерамнини. Личи на некој благ удар и поправено
 - Денес беше ладно, температура додека работеше климата не качи како што треба. Ми личи дека треба темпомат или нешто тука да се среди.
 - Нема резервно тркало.
 - Друго што фали, ке видеме на мајстор.
 - На автопат, јесте да беше лошо времето денес, али над 110 како да бучи повеќе од што треба. Ке видеме тоа друг ден.
 - На волан чуствував вибрации. Треба да се проверат гуми и да се центрира сигурно.
 - Знам дека автоматскиот менувач им е најслаба страна на овие коли. Како што прочитав на интернет, во поновите серии е подобро од првите серии, али пак тоа треба прво да се расипе. Ок, ке земеме нов која ке се расипе.

Сега позитивни страни.
 - Некаде на автопат накај Скопје успеав да го наместам седиштето, и како удобно се наместив, не ми се верува. Како да ме гушна колата. Како да си прилегнав, а дека високи прозорциве, колата е многу прегледна.
 - Автоматикот, или полу автоматикот е супер за низ град. Јас и знаев дека кога ке го продадам Мондео-то ке земам аутоматик кола, ама после ова можам да кажам дека едвај чекам да дојде 2027 година или тој ден кога ке се префрлам на аутоматик full time.
 - Не знам зошто но секогаш повеке ми се свиѓал фејслифт на некој модел. Мерак ми е што најдов од крај на серија, а не од почеток. Се си мислам дека при крајот, некој проблеми како да се подсредени од моделите што први излегле на продажба. Немам докази, лично само мислење. 
 - Како ке ја предадам колава, не ми е јасно.

Споредба.
Меривата која ми ја продадоа пред нос беше од 2004 година со мануелна клима и цена од 3200 евра. Исто така очигледно беше удрена и не доправена на задна десна страна, и едниот заден фар имаше дупка во него.

Оваа ја земав за 3800 евра, или 600 евра поскапо.
За тие 600 евра добивам
 - 5 години понова кола, 2009 vs 2004
 - Автоматска клима vs мануелна на таа што ми ја продадоа
 - Мојата има задни сензори. Не ми личат дека се фабрички.
 - боја која повеќе ми прави мерак (сивата ми е така така боја, сеедно, плавава ми е убава)
 - подобра општа состојба на каросерија (макар ова треба да се докаже наредната недела)

Губам
 - бандажи, мојава има челични бандажи, таа што ми ја продадоа беше со алуминиумски.
 - гуми, мојава доаѓа со зимски гуми 2022 година, таа што ја продадоа беше со лени од 2024 година.
 
Еднакво
 - и двете беа со слична километража, мојата има 95000 таа што ми ја продадоа имаше 98000.
Колку тие 95000 се веродостојни, не знам. Ако некој го интересира дали ме заебале и ми продале кола со вратена километража, вин број е W0L0XCE7594119779 нека провери и сподели репорт од CarVertical тука.

И така.
Јас си најдов тоа што барав.
Еве една слика колку да не е само текст.



Ах да, и 'хидроподизачи-те' од кој се плашеше nestor04 на Z16XEP моторот неам поима во која состојба се. Ке видеме наредна недела...

ЕДИТ, ако некој знае, дали треба да ставам Бензин 95ка или 100ка од Макпетрол на оваа кола ?
« Последно менување: 03 Октомври 2025, 01:18:09 am draganamon »

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2202
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15622 на: 03 Октомври 2025, 01:16:13 am »
Не се замарај со потенцијални кварови, како ќе излагаат така ќе се решаваат. Битно си завршил работа. Битно нема плин и не е касапен моторот. Со здравје да се вози уште еднаш.

Мислам 95ка.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8016
  • Плинаш!!!
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15623 на: 03 Октомври 2025, 06:29:29 am »
Што ти е ќеиф тоа ставај. И со двата бензина нема мака. Истиот мотор го возам веќе 6 години и скоро 100 000км и тоа на плин, ставај уљенце 5w30 со dexos2 и нема мака.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8224
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15624 на: 03 Октомври 2025, 10:39:17 am »
Си купив вештачки колк.

Beat that suckers

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14750
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15625 на: 03 Октомври 2025, 10:49:00 am »
Си купив вештачки колк.

Beat that suckers

Јас инекција во колено. Нек се угоде :D

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5951
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15626 на: 03 Октомври 2025, 10:49:44 am »
@pirat_07 Пиши ако го даваш стариот 🤣
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8224
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15627 на: 03 Октомври 2025, 10:51:26 am »
Го имаат изедено кучињата до сега

@Carpathian Lord
Кога тргнало, шта чеш 🥹

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9252
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15628 на: 03 Октомври 2025, 11:35:09 am »
Aбе се ова имав, стварано у 10 години брак. Aма остана "таму", после разводот. Нека се најде за малиот :)

Сега на нов стан, со нова невеста, све "јово на ново", нов почеток... (после година и нешто ергенски живот). :D

Dobro be coek so se zeneshe vtor pat, neli beshe jasno prviot pat 😂😂

Присутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3958
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15629 на: 03 Октомври 2025, 11:41:20 am »
Полесно е вториот пат. Знаеш што НЕ сакаш

Sent from my Xiaomi 13T