Ок, значи откако ми ја продадоа Меривата пред операција, не можев да издржам и во Четвртокот му се јавив на човекот, да го прашам зашто не ја чуваше како што се договоривме. Врти сукај, на крај заклучив дека проблем му било што ќе сум ја носел на мајстор, и се секирал дека може ке најдам нешто и ќе разманам купување, а му се јавило прилика да заврши работа, и ја продал. Ми олесна што не ја купив искрено, ми даде некој closue , да можам мирно да спијам.
Ок, идеме понатаму си реков, и разманав да гледам огласи.
Во Петок вечер, на некоја од социјалниве мрежи ми излезе реклама од Мерива. Не ја барав јас, ми се појави од некаде. Во оглас не ни пишуваше дека е аутоматик. Го отворив постот само оти многу ми се допадна бојата, и сакав да видам поубаво.
Читам реклама, и вика Аутоматик, 95000 поминато, 1.4 Бензин (испадна 1.6 дека е). Огласот е објавен во Петок на реклама 5. Не е пишано цена, не е тагирано дека е аутоматик, што значи и да сум го барал немало да го најдам.
Се јавив Сабота наутро, и дечкото кој ја продава отишил во странство, ама татко му ке ми ја покажел. Татко му нормално не знае ништо за колата. Слична ситуација како предходно.
Ѕвонам на татко му, вика денес закажав нешто работа, ако не ти е итно, може ли Понеделник сабајле.
Викам нема проблем, само да не испадне да ја продадеш до Понеделник. Обеќа чичето дека ке ми ја чува.
Одам Понеделник сабајле во Штип да ја видам. Правиме тест возење, и чичето онака зачудено ме прашува што е работа со колава.
Не го разбрав што ми зборува.
После возење се слушнав со синот, договоривме цена (поточно кажа дечкото крајна цена и не се ценкавме) и оставив капар.
И чичето пак ме праша што е работа со колава. Вика 3ца ми се јавија вчера, 2ца ме убедуваа да дојдат во Недела да ја земат.
Викам ајде може ме врти, али веќе договорив со синот, така да сеедно муаберов. Само сакав да си одам дома, требаше да одам на преврска.
Договоривме во Четврток да ја земам, а он меѓувремено да ја помине на течнички и да извади пробни таблички за јас да не се акам со ранава.
Отидовме на нотар и ми ја препишаа на мое име. Без да платам !!!
Бев, ја земав од сабајле, и успешно си дојдов до Скопје. Не се расипа по пат, тоа е успех.
Пред да ја земам, чичето ми вика, уште 2ца сакаа да ја купат, некој комшија и некој на технички. Да не потпишевме на нотар во Понеделникот, најверојатно ке ја дадев на друг. Некој човек оставил број, да му се јавам од мене да ја купи. Ако сум сакал да ми даде број.
Викам фала, каква таква, моја е, само сакам да завршам со потрага по кола и да продолжам со животот.
Да земам таблички утре, и наредна недела ќе ја носам на мајстор да ја провери, да видам што ке испадне и во која состојба е.
- На десна, совозачка страна, задна врата има некој нерамнини. Личи на некој благ удар и поправено
- Денес беше ладно, температура додека работеше климата не качи како што треба. Ми личи дека треба темпомат или нешто тука да се среди.
- Нема резервно тркало.
- Друго што фали, ке видеме на мајстор.
- На автопат, јесте да беше лошо времето денес, али над 110 како да бучи повеќе од што треба. Ке видеме тоа друг ден.
- На волан чуствував вибрации. Треба да се проверат гуми и да се центрира сигурно.
- Знам дека автоматскиот менувач им е најслаба страна на овие коли. Како што прочитав на интернет, во поновите серии е подобро од првите серии, али пак тоа треба прво да се расипе. Ок, ке земеме нов која ке се расипе.
Сега позитивни страни.
- Некаде на автопат накај Скопје успеав да го наместам седиштето, и како удобно се наместив, не ми се верува. Како да ме гушна колата. Како да си прилегнав, а дека високи прозорциве, колата е многу прегледна.
- Автоматикот, или полу автоматикот е супер за низ град. Јас и знаев дека кога ке го продадам Мондео-то ке земам аутоматик кола, ама после ова можам да кажам дека едвај чекам да дојде 2027 година или тој ден кога ке се префрлам на аутоматик full time.
- Не знам зошто но секогаш повеке ми се свиѓал фејслифт на некој модел. Мерак ми е што најдов од крај на серија, а не од почеток. Се си мислам дека при крајот, некој проблеми како да се подсредени од моделите што први излегле на продажба. Немам докази, лично само мислење.
- Како ке ја предадам колава, не ми е јасно.
Споредба.
Меривата која ми ја продадоа пред нос беше од 2004 година со мануелна клима и цена од 3200 евра. Исто така очигледно беше удрена и не доправена на задна десна страна, и едниот заден фар имаше дупка во него.
Оваа ја земав за 3800 евра, или 600 евра поскапо.
За тие 600 евра добивам
- 5 години понова кола, 2009 vs 2004
- Автоматска клима vs мануелна на таа што ми ја продадоа
- Мојата има задни сензори. Не ми личат дека се фабрички.
- боја која повеќе ми прави мерак (сивата ми е така така боја, сеедно, плавава ми е убава)
- подобра општа состојба на каросерија (макар ова треба да се докаже наредната недела)
Губам
- бандажи, мојава има челични бандажи, таа што ми ја продадоа беше со алуминиумски.
- гуми, мојава доаѓа со зимски гуми 2022 година, таа што ја продадоа беше со лени од 2024 година.
Еднакво
- и двете беа со слична километража, мојата има 95000 таа што ми ја продадоа имаше 98000.
Колку тие 95000 се веродостојни, не знам. Ако некој го интересира дали ме заебале и ми продале кола со вратена километража, вин број е W0L0XCE7594119779 нека провери и сподели репорт од CarVertical тука.
И така.
Јас си најдов тоа што барав.
Еве една слика колку да не е само текст.

Ах да, и 'хидроподизачи-те' од кој се плашеше nestor04 на Z16XEP моторот неам поима во која состојба се. Ке видеме наредна недела...
ЕДИТ, ако некој знае, дали треба да ставам Бензин 95ка или 100ка од Макпетрол на оваа кола ?