Аа, да! Заборавив дека има Mokka-E
Супер, ќе може тема за електричари и искуства да се отвори
Нема веќе бесплатна струја, цената е 30 ден. по kwh, или 25 ако имаш дедицирана картица на ЕВН. На обичниве AC 22KW чарџери, над 4 саати се доплаќа и „престој“ на паркингот. На брзите DC чарџери 50KW и нагоре, престојот се доплаќа ако си повеќе од 1h закачен.
Она што е добро, е што тие 4 саати додека си закачен на AC чарџер што ги има по паркинзиве - не плаќаш паркинг, па некако се компензира цената со паркирањето. Наместо да плаќам паркинг, ќе плаќам струја што после ќе ја извозам.
https://emobility.evn.mk/Tariffs.aspxЗа домети рано е уште. Вчера ја земав колата, денес поминав 58км низ скопјево. Ќе видиме за некоја недела како е. Малку и јас треба да се научам „еколошки“ да возам