Автор Тема: Мајстории по дома....  (Прочитано 105809 пати)

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5673
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #780 на: 02 Јули 2024, 18:19:58 pm »
Редам ламинати со роднина кој го прави тоа 20 години, па ако сте заинтересирани ќе ви пуштам бројче за контакт. Новата зграда во Прилеп е цела редена од нас.
Ламинат нарачување само VarioClick, другите се фалени, ама жлебовите не се како на Vario-то.

Мајсторија, АМА по комшии, кај мене си ја сработив
работата уште во август со Vario Click 8ка со фуга.  ;D
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

100-120 ден/м².

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3859
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #781 на: 02 Јули 2024, 18:21:25 pm »
Дај совет од каде да се набави, кој производител?

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5673
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #782 на: 02 Јули 2024, 18:22:55 pm »
VarioClick, над 8мм - од Real.
https://www.real.mk/vario-laminati/
Camsan е со понизок квалитет, а доста фален.

На Quick Step ламинатите гледам дека се 1220 ден / м², не најдов производител. Пишува дека се водоотпорни, ако се пластични жлебови - да, водоотпорни се, ако е стандард нема шанси да се водоотпорни.
Има т.н пластичен ламинат, цена не ми текнува, а Vario-то е околу 600 ден/м².
« Последно менување: 02 Јули 2024, 18:30:08 pm nestor04 »

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5137
  • Пиши лаже
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #783 на: 02 Јули 2024, 18:47:59 pm »
Не ни треба монтер за ламинатот, имаат монтер од кај нив. Ми треба ламинат од кај вие хоштаплериве. Инаку беше по цена од 1800 денари м2.
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5673
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #784 на: 02 Јули 2024, 18:48:49 pm »
Па добро ве искасапиле... Рефунд нешто, повраток на пари бидејќи не си стојат на зборот?

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5137
  • Пиши лаже
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #785 на: 02 Јули 2024, 18:55:59 pm »
Ке се почека уште кратко и ке ги тужам. Не сум сигурен како го рачунаат само она "работини денови". Дали се сметаат и Саботи или не.
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5673
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #786 на: 02 Јули 2024, 18:57:16 pm »
Објави ги и тука да не се изгори некој:
https://www.facebook.com/groups/352007579448002/?ref=share&mibextid=NSMWBT

Претпоставувам не е мала цена платена, се работи за голема сума, ако се "само 60м²" во прашање се 108.000 ден...

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5137
  • Пиши лаже
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #787 на: 02 Јули 2024, 18:58:22 pm »
Не сум човек што пишува такви работи по социјални мрежи, инаку ке ги пишам секаде...
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #788 на: 04 Јули 2024, 08:54:15 am »
Дај совет од каде да се набави, кој производител?

Мега Куманово, имаш Егер ламинати, во Мегатехна имаш Каиндил. Овие ламинати се австриски и имаат соодветни сертификати за безбедност по здравје, што е особено важно. Во СпејсФлор имаш Таркет. Во Лесна имаше исто некои. Добро брендови имаш и во Лав комерц.
Квикстеп се тука за премиум

Јас не знам тие Варио кој ги произведува, ако е Турција, би ги избегнал.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5673
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #789 на: 04 Јули 2024, 09:23:02 am »
Многу лош избор. Таркетот е неколку нивоа подолу од овие. А останатите не сум ни ги слушнал. Досега поплаки од Варио немало - сметај дека на ден се редат 100 м², и училишта и згради и слично,. Кога нарачувате кујни и слично, материјалите (квалитетни) се изработени од Vario фирмата.

Ако сакаш ќе ги споредиме жлебовите, пушти слика од жлебовите, јас ќе ти пуштам од Вариото 8ка и 12ка.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #790 на: 04 Јули 2024, 14:34:15 pm »
Нестор, секој си има свои приоритети.
За мене е најважно да е ламинатото од природни материјали, еколошки, безбедни за здравје итн сепак мои деца ќе дишат па ако треба нека е на штета на трајност, жлебови итн
Затоа за мене е мн важно каде се произведуваат

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3859
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #791 на: 04 Јули 2024, 19:10:25 pm »
Дај совет од каде да се набави, кој производител?

Мега Куманово, имаш Егер ламинати, во Мегатехна имаш Каиндил. Овие ламинати се австриски и имаат соодветни сертификати за безбедност по здравје, што е особено важно. Во СпејсФлор имаш Таркет. Во Лесна имаше исто некои. Добро брендови имаш и во Лав комерц.
Квикстеп се тука за премиум

Јас не знам тие Варио кој ги произведува, ако е Турција, би ги избегнал.

Swiss-Krono 12 AC5 гледав за некои 1200-1400 /m2. Битно е да се еколошки и да трпат подно греење. https://megakop.hr/wp-content/uploads/2022/02/MF_VILLA_Certificate_A4.pdf
« Последно менување: 04 Јули 2024, 19:21:31 pm bramovsk »

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5673
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #792 на: 04 Јули 2024, 19:27:03 pm »
Исто добар - во поглед на квалитет и монтажа.
Сепак монтираме по желба на купувачот, дури и прередуваме монтиран ламинат.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3859
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #793 на: 04 Јули 2024, 19:48:18 pm »
Ако промашам ќе те викнам да го прередиш.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5673
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #794 на: 04 Јули 2024, 19:57:22 pm »
На темава со ламинативе - Што се случува со филцот секоја година сѐ поскап  и поскап е, а станува сѐ потенок од година на година? Ние го земаме по 45, на друго место е 90 истиот, се штеди на материјали или?
Затоа гратис даваат хидроизолација (црни табли - XPS подлога) со секој купен ламинат и не се замараш многу.