Кога бев во Скопје, тоа беше некаде на 200.000 сменет ребраст и клинест каиш, водна пумпа валео, антифриз, затегач и филтер за нафта. Вкупно ми се чини излезе 13.000 со се работна рака.
Пред некоја недела односно на 208.000 почна нешто да ми тропа предницата. Стануваше се погласен звукот. Си мислев да не отишол држачот за мотор или мењач, а тие ич не се евтини за менување. Ја однесов на сервис вчера и до десниот стабилизатор било. Сега тропање нема, нормално
Наскоро ќе менувам уље мотул x-cess 5w40 и филтер за уље а многу понаскоро треба да се менуваат комплет предни дискови и плочки. На 220.000 ќе сменам филтер за воздух и полен најверојатно.