Автор Тема: Renault Megane 1.9 dcI Exception  (Прочитано 39288 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6437
Одг: Renault Megane 1.9 dcI Exception
« Одговори #150 на: 15 Септември 2014, 17:50:08 pm »
Конечно ми стигна Meguiar's Ultimate Compound и Ultimate Polish!! Тоа Scratch x ќе го користам за оделни делови каде што имам гребаници, се надевам дека ќе успеам барем малку да ги снема тие гребаници како што е погоре на сликата кај левиот дел од задниот браник. Значи редоследот ќе биде следен:

1) Wash
2) Clay
3) Wash
4) Ultimate Compound
5) Ultimate Polish
6) Wax

Го имам оној TW Ice Wax и сум презадоволен мислам дека ќе даде добар финиш. Се надевам дека за месец дена најкасно повторно ќе ставам слики пред/потоа. Само треба да се најде слободен ден зошто ова ќе биде долг процес!

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6437
Одг: Renault Megane 1.9 dcI Exception
« Одговори #151 на: 19 Септември 2014, 19:22:30 pm »
Мал апдејт од мојата колекција  :) Од Мегуиарс немам ништо пробано па се надевам некој викенд наскоро ќе ја полирам колата со сите овие производи плус нешто за ентериерот и стаклата. Се мислам само васокот дали да го сменам, не е нешто посебен.

how to do a screenshot on a pc

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Renault Megane 1.9 dcI Exception
« Одговори #152 на: 19 Септември 2014, 20:12:28 pm »
Полукожни седишта - браво. Носи на хемиско да ти ги средат како нови ќе се.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
  • хаУс мајстор
Одг: Renault Megane 1.9 dcI Exception
« Одговори #153 на: 23 Септември 2014, 14:46:17 pm »
Deni ти ако не се најдиш да тресниш некоја скроз неповрзана зелена со последните постој, кој друг
Нема тропнато,убаво си кажува
Здраво на сите членови. Ве читам долго време, веќе неколку месеци  и морам да кажам дека this forum rocks!! Живеам/студирам во Литванија а брат ми мој работи таму. Колава што ќе ја претставам е негова, но како и да е заедно ја користиме. Се работи за Рено Меган 1.9дци 2005-та година. 3-ти сопственик со поминати 80.000км. Најинтересно е тоа што овој Меган е со exception опрема, лимитирана серија (септември 2004-мај 2005). Разликата е во полукожни седишта, кожа наместо пластики кај сите 4 врати, шал таблата е во различна боја, и во централната пластика е од различен меган за разлика од останатите мегани. Има ESP/ASR, автоматска клима, сензор за дожд, панорама покрив, многу воздушни перничиња итн :). Колата се покажа феноменално, ова лето беше возена (Литванија-Македонија, Македонија-Црна Гора-Македонија) (Македонија-Бугарија-Македонија) (Македонија-Грција-Македонија) и + Охрид неколку пати. Па пак назад во Литванија, вкупно 8.000 км. И буквално колата не покажа никакви знаци на слабост и ме изненади.
Body: hatchback
Length: 4209 mm
Weight: 1290 kg
Engine Capacity: 1870 cc
Cylinders: Inline 4
Max. Power: 119.6 PS / 118 bhp / 88 kW @ 4000 rpm
Max. Torque: 270.0 Nm / 199 ft.lb / 27.5 kgm @ 2000 rpm
Acceleration: 0-100 km/h in 10.50 seconds
Fuel Economy: 7.2/4.4/5.4 l/100km urban/extra-urban/combined
CO2 Emissions: 144.0



Сега уште да ни пренесеш искуства од козметиката,и некое сликче да видиме :)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6437
Одг: Renault Megane 1.9 dcI Exception
« Одговори #154 на: 03 Февруари 2015, 14:59:08 pm »
Update: Pri kraj na Dekemvri sam si smeniv ulje sam :D (Castrol Edge Turbo Diesel 5w40), filter za ulje Renault kupen od U.K. i filter za vozduh Mahle mi se cini. Mnogu e lesno, najveke vreme odzima da se izvadi toa zastitata pod motorot. Interesno i definitevno od sega pa nataka sam ke si menjam ulje!

Do sega imam pominato 2000km so uljevo i so znam :D vo sporedba so Motulot (x-clean) na laden start (ovdeka cel dekemvri i januari sekoe sabajle bese -10) e podobar nema mnogu strakanje. Ali i vidov na samite dokumenti Castrolot e dosta poslicen so nekoe 0w ulje na laden start za razlika od motulot koj sto sepak na topol motor pri temperatura od 100c ima podobra visokoznost od Castrolot. Naredno ulje Maj-Juni nekade ke bide Motul X-cess ili Motul Specific 0710 ako uspeam da go najdam :P zosto Motul Specific ima neverojatno dobri brojki za 5w40 ulje pri agresivno vozenje. Visokoznosta mu e mnogu visoka i mislam deka ne postoi drugo 5w40 ulje so podobra visokoznost vo momentov pri visoki temperaturi.

Defektot so vozackiot prozor go imam uste od Septemvri i ne e resen ama sega vo Mart imam tehnicki pregled i moram da go odnesam nekade na servis da go napravam (PO VTOR PAT), ako ne go sredam kurac ke pominam na tehnicki :D

Uste nekolku stotini kilometri i ke dojdeme do brojkata od 190.000 !

Dali znae nekoj vo Makedonija za dizel vozilo dali merat izduvni gasovi/kolku cadi na tehnicki pregled i da spodeli informacija cisto kolku da sporedime :). Obicno za EURO IV ili V vozila toa treba da e ne poveke od 0.1

Zboram za ova, Smoke and smoke opacity meters are instruments measuring the optical properties of diesel exhaust. These instruments have been designed to quantify the visible black smoke emission utilizing such physical phenomena as the extinction of a light beam by scattering and absorption.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6437
Одг: Renault Megane 1.9 dcI Exception
« Одговори #155 на: 13 Февруари 2015, 08:19:35 am »
Еден мал но значен јубилеј. Поминати 190.000 :)

hebergement image

 

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4191
Одг: Renault Megane 1.9 dcI Exception
« Одговори #156 на: 13 Февруари 2015, 08:39:51 am »

Dali znae nekoj vo Makedonija za dizel vozilo dali merat izduvni gasovi/kolku cadi na tehnicki pregled i da spodeli informacija cisto kolku da sporedime :). Obicno za EURO IV ili V vozila toa treba da e ne poveke od 0.1

Zboram za ova, Smoke and smoke opacity meters are instruments measuring the optical properties of diesel exhaust. These instruments have been designed to quantify the visible black smoke emission utilizing such physical phenomena as the extinction of a light beam by scattering and absorption.
во амсм мерат на сите возила

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Renault Megane 1.9 dcI Exception
« Одговори #157 на: 13 Февруари 2015, 12:24:09 pm »
Еден мал но значен јубилеј. Поминати 190.000 :)

hebergement image

 

Туу многу бе? А зошто ти свети Service?

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6437
Одг: Renault Megane 1.9 dcI Exception
« Одговори #158 на: 13 Февруари 2015, 12:49:47 pm »
Купен е на 80 и нешто илјади на 7 Јануари 2011. За поминати 4 години тоа се околу 110.000 што ќе му дојде околу 27.000 годишно.

А сервис свети зошто егр вентилот прилично нов го ставив во Март 2014 се заеба електронскиот дел повторно како и првиот ЕГР. Го имам новиот ЕГР купено ама ми седи дома немам време кога да го ставам.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6437
Одг: Renault Megane 1.9 dcI Exception
« Одговори #159 на: 23 Февруари 2015, 08:04:43 am »
Апдејт

Викендов на мое изненадување многу лесно го извадив ЕГР вентилот. Кога го вадев пред година дена стариот ЕГР тоа беше неколку часовно патешествие. Ама сега излезе без проблем. И што да видам.....значи од Март/Април 2014 кога го сменив стариот ЕГР со нов до вчера кога го извадив тоа ти се околу 20.000 поминати км, а со чек енџин и грешка P0487 - EGR Throttle Position Control Cicuit која што се појави во Декември. Штета телефонот не беше со мене да сликам, али бев запрепастен колку беше прљав ЕГР-то....за толку краток рок. Имав brake cleaner и го исчистив со тоа едно саат време. Го ставив назад, ја избришав грешката. Проблемот е што вентилот не се враќа до крај од прљавштина туку е мааалку отворен и дозволува гасовите повторно да влезат во моторот кога тоа не е потребно, и тогаш се појавува грешката.

 Ако грешката постои таа се појавува на секое трето палење. Али од вчера едно 10 пати минимум ја запалив колата, извозев преку 250 км и грешката не се појавува! Јас задоволен. Вчера кога го исчистив вентилот на отворено при брзина од 105-100км/ч во 6-та брзина моментална потрошувачка 3.7-3.8. Пред чистење 4.3-4.4 на 100.

Наравоучение: Чистење на ЕГР вентил со секое менување на масло. Сите вие што имате ваков сличен проблем на дци мотори со грешки П0487 или П0409 пробајте да го исчистите вентилот. АКо тоа не успее ондак купите нов. Јас за џабе купив нов ама ене го седи во ѓепек може некогаш ќе ми се најде :)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6366
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Renault Megane 1.9 dcI Exception
« Одговори #160 на: 25 Февруари 2015, 14:40:04 pm »
Добро да се знае. 180,000(ако се тие) еве ближам на мојата немам ништо слично засега.

*коментирам за нотификации, оти не пратам се на форумов* :)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6437
Одг: Renault Megane 1.9 dcI Exception
« Одговори #161 на: 10 Март 2015, 07:13:31 am »
Уште еден апдејт. Во петокот решивме да се поправи прозорот зошто наредниот бев на технички и без функционален прозор не те пуштаат.

Мислевме дека е модулот како и обично кај меган, и на крај испадна дела модулот си работи. После неколку часовно тестирање проблемот беше конекторот помеѓу вратата и колата. Беше полн со влага, ситна прашина. Се исчисти све тоа и еве го 4 ден нема гајле прозорот. А во рено ми бараа 287 евра за смена на модулот и за цабе ќе ги дадев парите прозорот повторно немаше да работи.


Бонус ;D


Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Одг: Renault Megane 1.9 dcI Exception
« Одговори #162 на: 10 Март 2015, 09:40:41 am »
Nice ...


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6437
Одг: Renault Megane 1.9 dcI Exception
« Одговори #163 на: 14 Април 2015, 08:29:16 am »
Летово ќе доаѓам во Македонија со Меганов и планирам да ја сменам рачната кочница. Значи веќе десетици пати е стегана ама џабе, веќе и е дојден крајот и треба да се смени. Колку би чинело ова дали знаете отприлика? Исто така каишот ребраст со све затегачи, водна пумпа на колку се менува? Последен пат сменив на 123.000 сега имам скоро 200.000. Да го правам ова летово или наредното?

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6366
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Renault Megane 1.9 dcI Exception
« Одговори #164 на: 14 Април 2015, 08:50:18 am »
На 120,000 или 5 години, е сега како сакаш ти...